Градоначалникот Георгиески даде отчет за сработеното во првата година од мандатот


По речиси две децении Општина Охрид конечно ќе има одблокирана сметка, а тоа ќе значи поголема функционалност, многу повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти како и поедноставен пристап до европските фондови,  вели Градоначалникот Георгиески во видео отчет за сработеното во првата година од мандатот. Градоначалникот се пофали со , сериозни вложувања во инфраструктурата и образованието, добра кондиција на јавните претпријатија, и посветеност на процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО.  
Убеден сум дека можеме да постигнеме  уште повеќе успеси и преку силно заедништво и соработка и во иднина ќе продолжиме да одиме напред, порачува Георгиски.

 |   | 

Враќањето на Финансиската стабилност на општината, беше еден од најважните приоритети на оваа локалната власт, со овие зборови градоначалникот Константин Георгиески го започнува отчетот за сработеното во првата година од мандатот.

„По речиси две децении Општина Охрид конечно ќе има одблокирана сметка, благодарение на помошта од владата на Република Северна Македонија,  а тоа ќе значи поголема функционалност, многу повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти како и поедноставен пристап до европските фондови. “ – кажа Георгиески.

Препознавајќи ги најважните потреби на граѓаните локалната е особено посветена на вложувања во приоритетната инфраструктурата, потенцира градоначалникот.

„Беа реализирани голем број квалитетни проекти со кои Охрид добива сообраќајна мрежа според сите современи
стандарди. Беа реконструирани и асфалтирани значајни градски сообраќајници и значително беа подобрени условите за безбеден и динамичен сообраќај, што е од особена важност и за жителите но и за туристите кои го посетуваат градот.“ – вели градоначалникот.

Покрај  инвестициите во во сообраќајната инфраструктура Георгиески посочи дека беа реализирани и голем број проекти за нови канализациски мрежи и современи водоводни линии. Градоначалникот се пофали дека јавните претпријатија се финансиски стабилни и дека истите со правилно менаџирање и домаќинско работење остварувале исклучително позитивни резултати во работењето.
Георгиески подвлече дека општината во изминатава година  презеде сериозни чекори за подобрување на условите во основните и средните училишта во Охрид. Реализирани беа проекти за замена на кровни конструкции, реконструкција на подови, нови тавани, надворешна столарија и набавка на опрема,на броја градоначалникот.

Во текот на изминатата година голема енергија и многу време беа издвоени за исполнување на препораките на УНЕСКО. Со отпочнувањето на реконструкцијата на Колекторскиот систем  Охридско Езеро конечно ја доби потребната грижа, која години наназад му беше ускратена, дециден е Георгиески.

“Оваа локална власт направи големи чекори, презеде конкретни мерки и успеа значајно да ги помести работите од нулта точка. Се работи за исклучително сложен и долгорочен процес, но со посветена работа ќе бидат остварени успешни и посакувани резултати.“- вели Георгиески.

Охрид има огромни потенцијали, но само низ заедничката соработка можеме да го направиме светска туристичка дестонација, истакна Градоначалникот.

„Оваа локална власт интензивно работи на посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на нови форми на алтернативен туризам надвор од шпицот на летната туристичка сезона. Во тек е изработката на новата Стратегија за развој на туризмот која ќе даде нови насоки за напредок во оваа сфера. “

Во отчетот Георгиески се осврна и преземањата во социјаната сфера, посочувајќи дека општината се грижи за секој свој граѓанин.  на вложувањата на општината во културата и културните настани, како и на поддршката на спортските клубови и манифестации што се одржуваат во Охрид.
Убеден сум дека можеме да постигнеме  уште повеќе успеси преку силно заедништво и соработка и во иднина ќе продолжиме да одиме напред, кажа Градоначалникот Георгиески  на крај на видео материјалот преку кој го презентира отчетот за првата година од мандатот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top