Намалени блок дотациите во струшките гимназии

Post Views: 2   Владата на Р. Македонија продолжува да ја деградира општина Струга во насока на инвестиции во образованието, велат од секторот за образование при општина Струга. Струшките гимназии второто полугодие го започнаа со намалени блок дотации за 62 000 евра. Како што информираше раководителот на Секторот за образование Сурија Рашити тоа било предвидено со државниот буџет за 2016 год.  „Секако дека ова ќе има големи последици по средните училишта бидејќи средствата во висина од 62 000 евра не се малку, кои ќе остават големи последици за нормално функционирање на овие училишта...

Continue reading

Julian Assange

Одбиено барањето за кауција, Асанж останува во притвор

Post Views: 58 Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе остане во притвор во Велика Британија, најмалку до 14 декември, за кога е закажано ново сослушување. Неговиот адвокат синоќа оцени дека апсењето на Асанж е политички мотивирано. И покрај материјалните и личните гаранции од неколкумина познати британски јавни личности, судот во Лондон го одби барањето за кауција на Асанж, оценувајќи дека е голема опасноста тој да избега од земјата. Од Викиликс, одлуката на судот ја оценија како бизарна и најавија дека ќе продолжат со објавувањето на американските тајни документи. Адвокатот на...

Continue reading

ОЈО Охрид: Оформен предмет по допрен глас по последниот случај со семејната веселба која стана жариште на заболени од ковид 19

Post Views: 3 По допрен глас ОЈО Охрид оформил предмет против непознат сторител за случајот со семејна прослава во Охрид од кој произлезе кластер на заболени со ковид 19. Од јавното обвинителство информираат дека работат на истрага за овој случај и на собирање на потребни докази. Основното јавно обвинителство Охрид од 19 март до 12 јуни, во време на пандемија на корона вирусот, има оформено 52 кривични предмети против познати полнолетни сторители за кривично дело, информира Зоран Митрески, основен јавен обвинител при Општинското Јавно обвинителство Охрид. Сторителите на казненото...

Continue reading

julian assange

Асанж уапсен

Post Views: 1 39-годишниот Австралиец го негира обвинувањата за сексуален напад врз две жени во Шведска. Скотланд Јард објави дека Асаннж бил уапсен во полициска станица во Лондон во 9 и 30 утрото. Денеска подоцна треба да биде изведен пред суд.Претходно Асанж, чијашто објава на тајни дипломатски преписки го разгневи Вашингтон, рече дека се подготвува да разговара со Британската полиција. Вчера Швајцарија ги замрзна неговите банкарски сметки. Викиликс исто така мораше неколку пати да ја смени својата интернет адреса откако беше цел на хакерски напади. Во меѓувреме, последните доверливи...

Continue reading

Без проблеми се одвива Изборниот процес во регионот

Post Views: 2 Непречено и без проблеми се одвива Изборниот процес во Охрид и регионот. Во општина Охрид во избирачкиот список се запишани вкупно 52 426 граѓани со право на глас. Изборниот процес се одвива на 88 избирачки места кои беа отворени точно на време. Во Струга во избирачкиот список има 61 437 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 101 избирачко место во општината. Во општина Вевчани има 2 075 гласачи распоредени на три избирачки места, додека во општина Дебрца во избирачкиот список има 4 350 гласачи на 28 избирачки места. Претседателите на општинските изборни комисии...

Continue reading

559 прекршоци по однос не носење лична заштита на лице

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (15/16.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 559 прекршоци.

Continue reading

berluskoni

Јас сум ѕвезда

Post Views: 4 “Јас сум ѕвезда на меѓународните самити. Странските лидери се тепаат да се сликаат со мене”, се фали Силвио Берлускони, додека Парламентот се мисли дали да изгласа доверба на неговата Влада. Италијанскиот премиер е убеден дека колегите од светските влади особено го почитуваат заради големото политичко искуство и успехот кој го постигнува како бизнис тајкун. Сепак, признава дека дотрајува. “Апсолутно сум свесен дека сум во одминати години и дека кога тогаш ќе мора да се повлечам. Но, палката ќе му ја предадам на друг, дури откако ќе ја комплетирам нашата...

Continue reading

Започна отстранување на урбаната опрема и монтажни објекти на охридското крајбрежје

Post Views: 2 Со отстранување на шанкови и монтажни објекти утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското езеро, согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба и препораките на УНЕСКО. Од општина Охрид  информираа дека активностите започнале со отстранување  урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план, лоцирани на крајбрежјето на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“. По завршувањето...

Continue reading

nova banknota

Печатна грешка од 100 милијарди долари!

Post Views: 4 Милијарда и сто милиона новодизајнирани банкноти од  100 долари со ликот на Бенџамин Франклин не се пуштаат во употреба заради бизарен проблем при печатењето. Имено, уште пролетва администрацијата на Обама со голема помпа најави пуштање во оптек на ново дизајнираните 100 долари, но се покажа дека печатењето на амбициозните заштитни техники кои требаа да бидат брана за фалсификаторите е неуспешно кај секоја десета банкнота. Според планот низ ликот на Беџамин Франклин е провлечена специјална трака со 3д елементи, а покрај неа шишенце со мастило кое со промената на аголот...

Continue reading

Се сруши дел од коловозот на ул „Славеј Планина“

Post Views: 0 Жители на ул „Славеј Планина“ бараат стопирање на градежни работи на станбен објект кои предизвикале свлечиште и уривање на половина од коловозот. Од почетокот на градбата пред околу 5 месеци граѓаните во повеќе наврати реагирале и пријавувале во општинскиот инспекторат дека околните куќи трпат штети. Инспекцијата прв пат излегла на терен пред еден месец кога напукнал патот но градбата не била стопирана. Конечно во саботата, кога се урнал дел од патот, надлежен инспектор поставил жолта лента за прекин на градежни зафати. Утрово инвеститорот имал намера да санира при...

Continue reading

Sarkozy i Bruni Taj Mahal

Романтичната прошетка на Саркози разбесна 10 илјади туристи

Post Views: 0 Францускиот претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни разбеснеа повеќе од 10 илјади посетители на храмот на вечната љубов Таџ Махал кои беа буквално исфрлени од обезбедувањето за првиот пар на Франција да ужива во прошетката. Иако посетата била закажана како претпладневна, Саркози и Бруни се предомислиле во последен момент и одлучиле најголемиот споменик на љубовта да го разгледаат за време на зајдисонцето. Наглата промена на планот на Саркози ги вознемирила безбедносните служби кои имале само час да смислат како да исфрлат повеќе од 10 илјади туристи...

Continue reading

Актив на директори на основните школи: Да не се организираат традиционалните прослави за полуматура

Post Views: 7 Полуматурантите оваа година не може да го прослават завршувањето на основното образование на досегашниот традиционален начин со поголеми собири во училиште и дома. Активот на директори од сите општински основни училишта упатува повик до родителите и своите ученици да се изостават домашните масовни прослави заради опасноста од ширење на вирусот. Ние сме свесни колку се прошири Ковид 19 токму од семејни прослави. Затоа го упатуваме овој апел плашејќи се за здравјето на сите околу нас, вели Оливија Јанева Пирузева, директор на ОУ Христо Узунов и член на активот, за нивното...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top