Без проблеми се одвива Изборниот процес во регионот

Непречено и без проблеми се одвива Изборниот процес во Охрид и регионот.

 |   | 

Непречено и без проблеми се одвива Изборниот процес во Охрид и регионот.

Во општина Охрид во избирачкиот список се запишани вкупно 52 426 граѓани со право на глас. Изборниот процес се одвива на 88 избирачки места кои беа отворени точно на време.

Во Струга во избирачкиот список има 61 437 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 101 избирачко место во општината.

Во општина Вевчани има 2 075 гласачи распоредени на три избирачки места, додека во општина Дебрца во избирачкиот список има 4 350 гласачи на 28 избирачки места.

Претседателите на општинските изборни комисии во регионот велат дека изборниот процес се одвива без никакви проблеми. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top