Aleksandar Radic

Нема спонзори за книгите на Леко Радиќ

Post Views: 5 Нашиот пливачки тренер Александар Радиќ-Леко е зачуден од незаинтересираноста на локалните моќници. Никој досега не му пристапил да му помогне во издавањето на книгите. Во ситуација кога македонското, а посебно охридското пливање се наоѓа во најлоша можна состојба, се поставува прашањето зошто никој досега не се заинтересирал за издавањето на овие книги. Александар Радиќ-Леко има издадено две книги. Првата од нив ја издал со сопствени средства за која платил 3000 евра, а за втората добил тужба поради неможност да ги подмири долговите спрема издавачите. Тој има веќе...

Continue reading

ploshtad

Атмосферата на градскиот плоштад

Post Views: 0 Многу охриѓани и гости одлучија најлудата ноќ да ја прослават на градскиот плоштад. И покрај скромниот буџет, сепак дочекот на новата година помина спектакуларно  во преубава празнична атмосфера. За  истата да биде повесела и поинтересна се погрижија Аренси бенд, гостинката од Хрватска Антонија Шола и Александар Белов. Точно на полноќ, кога присутните си ги споделија најубавите желби и честитки, охридското небо го осветли прекрасен огномет. Неколку минути пред полноќ, од градскиот плоштад, на граѓаните им се обрати градоначалникот Александар Петрески посакувајќи им...

Continue reading

pp

Како измина најлудата ноќ

Post Views: 7 Најлудата ноќ во нашиот град помина без поголеми инциденти. Од општата болница и службата за итна помош информираат дека оваа ноќ изминала без поголеми интервенции и проблеми. Немавме никакви поплаки, регистрирани беа неколку повици на кои веднаш беше реагирано, велат оттаму.Од хируршкото одделение, информираат дека во текот на ноќта биле примени 5-6 лица. Дел од нив со помали повреди, а дел во алкохолизирана состојба. Сепак, потенцираат дека, оваа ноќ била релативно мирна. И од  СВР Охрид со истиот став. Оттаму интервенирано е во два случаи. Портпаролот Стефан Димоски...

Continue reading

Sergej Cinguloski

Скулптурата Јагула чека да биде поставена на јавен простор

Post Views: 9 Најдолгата скулптура посветена на охридската јагула чека на соодветен простор каде што ќе биде поставена. За Јагулата долга 172 метри со која  беше   отворено јубилејното издание на Фестивалот „Охридско лето“ сеуште не е пронајдено соодветно место каде што ќе биде изложена. И по седум месеци од првичната поставка кја Потпеш таа чмае во магацин. Скулптурата  е подарок за градот. Авторот на јагулата Сергеј Цингулоски и локалната имаат желба таа да биде поставена, но засега е спорна  само локацијата. „Со оглед на нејзината големина за беа во предвид неколку локации, но...

Continue reading

Dedo Mraz na ploshtad

Дедо Мраз на градскиот плоштад

Post Views: 1 Денес на  градскиот плоштад започна новогодишната забава. Почетокот на оваа забава беше наменет за најмладите. Организирано се појавуваа претставници од скоро сите основни училишта. А, како спектакл и изненадување за дечињата беше доаѓањето на Дедо Мраз. На градскиот плоштад веќе започна најавуваната новогодишна забава. Нејзиниот почеток резервиран за најмладите. Организирана беше претстава во која учествуваа сите дечиња од основните училишта, како и од детската градинка „ Јасна Ристеска “. Како спектакл и изненадување токму за дечињата беше пристигнувањето на дедо...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Градоначалникот Петрески ја оценува 2010 год

Post Views: 3 За годината на заминување, а на која и се бројат последните часови, градоначалникот Александар Петрески ја оценува како тешка и на економски и на политички план. Петрески истакнува дека  од секојдневните контакти со граѓаните видлива е сиромаштијата како никогаш досега. „Само што најавивме дека ќе делиме социјална помош, верувајте дека секојдневно на мојаат домашн врата и во општина доаѓаат луѓе кои бараат социјални пакети.Толку им е тешко што не се срамат и јавно да побараат социјална помош“.  Градоначалникот додава дека 2010 година ја одбележаа повеќе негативни настани....

Continue reading

pedijatrija

Апaртманскиот одел на педијатрија, со првите пациенти

Post Views: 1 Доопремен и подготвен да ги прими првите пациенти, апартманскиот дел на Одделението за педијатрија при Општа болница – Охрид. Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид, повторно на дело ја потврди безграничната хуманост. Анета Јовановска од Црвениот Крст, вели дека неколку години наназад оваа организација во своите активности, традиционално организира една спортско рекреативна акција наречена „За посреќно детство“. Токму со средствата собрани преку оваа акција, беа набавени кревети со кои во целост се опреми овој апартмански дел. Началникот на детското одделение,...

Continue reading

dedo mraz

Дедо Мраз делеше пакетчиња во општинската зграда

Post Views: 3 Дедо Мраз во посета на општина Охрид. Денеска во локалната се сретна со децата од социјално загрозените семејства и им донесе пакетчиња. Градоначалникот Александар Петрески крајот на годината ќе ја одбележи со хуманитарни акции. По вчерашниот ручек со хендикепираните лица, денеска се делеа пакетчиња, а утре според агендата на градоначалникот на социјално загрозените семејства треба да им поделат социјални пакети. Градоначаникот ветува дека откако ќе ги добие ингеренциите во социјалната свера, локалната многу повеќе ќе им помага на социјалните семејства. На крајот на...

Continue reading

Nova Godina

Новогодишните тезги слабо посетени од граѓаните

Post Views: 4 Тезгаџиите не се задоволни од продажбата. На тезгите се забележува асортиман кој останал непродаден со години наназад. Дел од целата новогодишна атмосфера се и неизбежните тезги со новогодишен асортиман. Тезгаџиите кои продаваат таму крајно незадоволни. Се жалат на остварениот промет, велат дека продажбата е пониска од било кога. Оваа година се забележуваат повторно истите честитки, украси, сијалички. Продавачите не можат да остварат промет ни колку за да направат обрт на стоката. Се помалку граѓани застануваат на тезгите, а камоли да купат нешто. „Луѓето застануваат...

Continue reading

zdruzenie na penzioneri

Успешна година за охридските пензионери

Post Views: 4 Реализиран голем дел од зацртаните проекти од здружението на пензионери.За првпат оваа година преземени се соодветни чекори за донесување на стратегија за старите лица. Оваа стратегија е донесена од страна на Министерството за труд и социјална политика и се однесува на периодот 2010-2019г. Вметнати се сите проблеми со кои се соочува оваа популација. Исто така, донесен е и законот за формирање на здружение, како и проект за изградба на дом за стари лица и пензионери, кој е поткрепен со решение од Советот на локалната самоуправа. Пензионерите се задоволни што пензиите...

Continue reading

sovetnici

Различни ставови на советниците за општинскиот буџет

Post Views: 0 Буџетот на општината се состои од основен буџет, буџет на самофинасирачки активности, буџет на донации и буџет на дотации. Вкупно буџетот на општина Охрид за 2011 год е 1 086 673 000 денари, односно околу 17 800 000 евра.Најголемата ставка што треба да го наполни буџетот се даночните приходи,  над 550 милиони денари, а веднаш зад неа е ставката за предвидениот кредит од 360 милиони денари. Што се однесува до расходите, буџетот најмногу ќе го олеснат платите за општинарите – близу 155 милиони денари, потоа се средствата за уредување на градежно земјиште – 133,5 милиони...

Continue reading

sednica na Sovet

Фалат иницијативи за нови програми

Post Views: 2 Променет концептот на 28та седница. Наместо да се почне со предлог Буџет на единицата на локaлна самоуправа Охрид за 2011 год, како прва точка на дневен ред и предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 год, како втора точка, први се најдоа програмите на Секторите во општината за тоа каде ќе се трошат буџетските средства. Така одлучија советниците. Тие исто така се согласија расправата да тече во два дела, општа и амандманска. Но наместо посакуваниот сублимиран тек на разговор, дискусијата уште на почетокот замина во недоглед. Дејан Паноски од ВМРО...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top