Атмосферата на градскиот плоштад

Многу охриѓани и гости одлучија најлудата ноќ да ја прослават на градскиот плоштад. И покрај скромниот буџет, сепак дочекот на новата година помина спектакуларно  во преубава празнична атмосфера.

 |  Наташа Размоска  | 
ploshtad
плоштад

ploshtadМногу охриѓани и гости одлучија најлудата ноќ да ја прослават на градскиот плоштад. И покрај скромниот буџет, сепак дочекот на новата година помина спектакуларно  во преубава празнична атмосфера. За  истата да биде повесела и поинтересна се погрижија Аренси бенд, гостинката од Хрватска Антонија Шола и Александар Белов. Точно на полноќ, кога присутните си ги споделија најубавите желби и честитки, охридското небо го осветли прекрасен огномет.

Неколку минути пред полноќ, од градскиот плоштад, на граѓаните им се обрати градоначалникот Александар Петрески посакувајќи им се најубаво во новата година. Тој нагласи дека Охрид е еден од најубавите градови и дека само со многу љубов кон него ќе допринесеме тој епитет да остане. Посака новата година да е подобра и поубава, бидејќи како што кажа годината што изминува, беше една од најтешките.
Се надеваме дека овие желби на градоначалникот упатени до Охриѓани ќе им се исполнат. Остануваат цели 365 дена да се увериме во тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top