Нема спонзори за книгите на Леко Радиќ

Историјата на македонското пливање тоне во заборав. Охридскиот пливачки тренер Александар Радиќ-Леко сеуште не може да најде спонзор за своите книги.

 |  Мишел Наумоски  | 
Aleksandar Radic
Александар Радиќ-Леко

Нашиот пливачки тренер Александар Радиќ-Леко е зачуден од незаинтересираноста на локалните моќници. Никој досега не му пристапил да му помогне во издавањето на книгите. Во ситуација кога македонското, а посебно охридското пливање се наоѓа во најлоша можна состојба, се поставува прашањето зошто никој досега не се заинтересирал за издавањето на овие книги. Александар Радиќ-Леко има издадено две книги. Првата од нив ја издал со сопствени средства за која платил 3000 евра, а за втората добил тужба поради неможност да ги подмири долговите спрема издавачите. Тој има веќе подготвено и трета книга, но како што ни кажа, средства за печатење на истата не можел да најде.
„Вакво нешто не сум видел, во било што, во индустрија, во култура, во што сакаш, ако немаш пишани документи, ако не се овие слики ќе се заборави се. Оди во основна школа прашај, никој нема да знае да ти каже од сегашниве деца, а што останува после 30 години. Овие книги се во библиотека влезени и во Скопје и овде во Охрид и дадени се на преку 1000 души.-изјави Александар Радиќ
fotografii

Во овие книги можат да се најдат ретки фотографии од историјата на македонското пливање. Во нив се бележани сите успеси на нашите најголеми пливачки великани, како Нико Нестор, Атина Бојаџи, Дики Бојаџи, Томи Стефаноски и многу други. Во недостиг на вистински достигнувања во областа на пливањето, останува мистерија зошто никој не сака да го спонзорира печатењето на овие книги. Засега во македонското пливање можеме единствено да се гордееме со овие историски резултати, но на нив ретко кој се сеќава. Тие остануваат единствено во белешките и фотографиите на Александар Радиќ-Леко.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top