Скулптурата Јагула чека да биде поставена на јавен простор

Најдолгата скулптура посветена на охридската јагула чека на соодветен простор каде што ќе биде поставена. За Јагулата долга 172 метри со која  беше   отворено јубилејното издание на Фестивалот „Охридско лето“ сеуште не е пронајдено соодветно место каде што ќе биде изложена.

 |  Валентина Неловска  | 
Sergej Cinguloski
Сергеј Цингулоски

Најдолгата скулптура посветена на охридската јагула чека на соодветен простор каде што ќе биде поставена. За Јагулата долга 172 метри со која  беше   отворено јубилејното издание на Фестивалот „Охридско лето“ сеуште не е пронајдено соодветно место каде што ќе биде изложена. И по седум месеци од првичната поставка кја Потпеш таа чмае во магацин. Скулптурата  е подарок за градот. Авторот на јагулата Сергеј Цингулоски и локалната имаат желба таа да биде поставена, но засега е спорна  само локацијата. „Со оглед на нејзината големина за беа во предвид неколку локации, но сеуште не сме го избрале најсоодветното место,“ истакнува и градоначалникот Александар Петрески.
Сергеј Цингулоски, авторот на скулптурата вели иако не се врзува за своите дела би сакал да ја види поставена на јавен простор. Предлага дури  таа да биде и раздвоена на делови со оглед на нејзината должина. Цингулоски нагласува дека јагулата предизвикала силен интерес во домашната и странската јавност и таа може да се искористи како културна, туристичка атракција. Тој додава „општината ќе ја изложи но може тоа да се случи во престојната сезона,  можеби е потребно време таа  да одлежи“. Скулптурата  јагула со должина од 172 метри требаше да влезе во Гинисовата книга на рекорди, но до тоа не дојде вели Цингулоски. Тој објаснува дека англичаните ги изменале пропозициите и побрале за да се забележи како светски рекорд требало да биде изработена целосно, а не во  делови.
Јагулата сепак влезе во историјата на уметноста како најдолга скулптрура во светот појаснува Цингулоски. За неа покажаа интерес  голем број магазини и весници низ целиот свет од Америка, до Кина, Австарлија и Скандинавија открива нејзиниот автор Сергеј Цингулсокаи. Тој веќе работи на нова скулптура со која ќе изложува во Музејот на Робевци.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top