Post Views: 4
Истрајноста и стрпливоста која е белег на нашето поднебје, предмет на интерес на американскиот мултимедијален уметник Ерон Крач. Неговата уметничката проект-инсталација насловена, ЗА СÈ ТРЕБA ВРЕМЕ е основана за оваа временска поента и e поставена на билборди на две локации околу Охридското Езеро и една во централното градско јадро на Охрид. “Фразата е лична”, вели авторот и, „претставува клише за истрајноста и стрпливоста. Но повеќе ми се допаѓа како јавна изјава, изјава за фактот, колку долго или бавно може да се развива историјата“, додава тој.
Крач ја...
Post Views: 4
Иницијативата веќе три години се провлекува, вели муфтијата …. Факт е дека на градот повеќе од потребно му беше еден ваков објект кој ќе се употребува за повеќе верски намени, додава тој.Муслиманската капела се гради согласно законот за градски гробишта, вели Драган Пандески, координаторот на ЈП Градски гробишта. Таму стои дека во секое населено место со над 5 000 жители неопходна е изградба на ваков објект додава тој.Муслиманската капела ќе се гради по Европски стандарди, со сите пропратни содржини. За нејзина изградба ќе се вложат средства од над 100 000 евра....
Post Views: 7
Основниот суд во Прилеп утрово ја соопшти пресудата за убиството на српскиот државјанин Дејан Новаковиќ, во повтореното судење, откако битолска апелација ја укина првобитната пресуда за четворицата обвинети за учество во толпа со смртни последици лани во Охрид.
На тројца од обвинети, судот им ги потврди затворските казни – четири и пол години за Илче Јоноски, 4 години за Митре Костоски и една година затвор за Ѓоко Наумоски.
Единствено на првообвинетиот српскиот државјанин, Драган Ѓорѓевиќ, кој е во бегство, судот му ја намали претходната казна од 5 години, на четири...
Post Views: 8
Од суровата реалност поврзана со инцидентите не тргна директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче. Тој ги повика камерите да бидат подготвени уште вечерва и да го регистрираат ефектот на комплет поставените светлечки реквизити.Димитар Пендо, претставникот на угостителскиот еснаф, вели дека се спремни за пречек на гостите кои ќе го посетат Охрид. Тој додава дека добро би било до година акцент да се стави и на католичкиот Божиќ, бидејќи и тој верски празник привлекува големемо внимание кај туристите.Да се надеваме дека теоретските претпоставки на надлежните и во пракса...
Post Views: 23
Селска ѓурултија со ѕенѕање, тропање и скокање или тетарска претстава која на охридската публика ќе и понуди несекојдневна забава и уживање. Охридскиот Народен театар, ви ја претставува четвртата охридска премера насловена „Ајде да си речиме уште една“.Станува збор за своевиден мјузикл, работен два месеци, кој го поставува прашањето за народното творештво, вели Горан Стојаноски – директор на Н.У. Охридски Народен Театар.„Претставата е работена два месеци, ова е веќе четврта нејзина изведба, премиера може да се каже и она што е многу битно за оваа претстава е дека е...
Post Views: 1
Започна промоцијата на протоколите или упатните механизми за постапување во случаи на семејно насилство. Националниот совет за родова рамноправност, во соработка со Светската здравствена организација и Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Заедничката програма на Обединетите нации за превенција од семејно насилство организираат серија дводневни обуки за употреба на овие механизми во случаи на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност објасни кое е знаечењето од протоколите во овој случај.
„Проблемот е многу...
Post Views: 3
На студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кои дипломираа во претходната академска година, или до месец септември денеска свечено им беа врачени дипломите. „Особена чест и задоволство ми беше што бев избрана за најдобар студент, ова е големо признание за мене. Сите колеги кои дипломиравме не застануваме тука, нашите аспирации се големи, верувам дека ќе се реализираат“, вели Ивана Ангелоска, која поради постигнатиот просек за време на студирањето од 9.96 е прогласена за студент на генерацијата од насоката Осигурување.
„Ова беше еден од најдобрите...
Post Views: 4
Колку соработуваат медиумите и Управата за јавни приходи? Комуникацијата помеѓу овие две страни е клучна во овозможување на достапност на информациите. Сепак, прашање е колку реално тие меѓусебно соработуваат. Токму во насока на регулирање на правата и обврските на двете страни е упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите кое го издаде Управата. Едно од главните начела во функционирањето на УЈП се транспарентноста и промоцијата на партнерство и еднаков третман. Управата редовно испраќа соопштенија до медиумите, а медиумите релативно редовно и ги објавуваат,...
Post Views: 1
Дел од Булеварот „Јане Сандански“ денес затворен за сообраќај. Хусеин Ќато, раководителот на секторот за изградба, одржување и реконструкција на канализациони системи во Јавното Претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, во телефонски разговор не информира дека причина за затворање на дел од оваа сообраќајница е еден малку поголем хидро-технички зафат. Имено, станува збор за приклучување на новоизградениот станбен комплекс лоциран во близина на булеварот, на градскиот канализационен систем, како и санирање на постоечкиот проблем со атмосферските води на овој потег, објаснува...
Post Views: 1
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 4 лица за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Кај лицата С.Ф.(25) и Д.Н.(22), од Охрид на 24-ти ноември, кај „Сараиште“ при извршен претрес во чамецот полицијата пронашла околу 72 парчиња разновидна риба. А кај лицата М.Р.(53) и С.Р.(29), од Пештани на 25-ти ноември, при извршен преглед од нивниот чамец се одземени 12 парчиња риба. Кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ е поднесена против едно лице. Пријавениот без да поседува одобрение,...
Post Views: 0
Продолжува промоцијата на македонската туристичка понуда во Холандија и Шведска. Неодамна во Светскиот трговски центар во Амстердам-Холандија, во организација на амбасадорот г-дин Никола Димитров се одржа промоција на Македонија како туристичка дестинација, но и промоција на македонските вина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ги презентираше туристичките потенцијали на Македонија пред повеќе од триесет холандски тур-оператори кои веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација, но и пред тур-оператори кои пројавиле интерес...
Post Views: 8
Да го вратиме Законот за млади во собраниска процедура! Ова е иницијативата која во моментов ја спроведува Коалицијата на младински организации-СЕГА, а чија цел е добивање на сеопфатен закон за младите во Република Македонија. Овој контроверзен закон по острите критики кои ги доби во јавноста беше повлечен од собраниска процедура. Иако Владата најпрво негираше дека ќе го повлече, сепак на крајот на месец Октомври го врати на доработка. Но додека предлагачот размислува за недостатоците на законот, младите и натаму без регулирани права и обврски. Младинските организации...