Отпочната изградбата на муслиманска капела

Удрен камен темелник за муслиманска капела. Станува збор за голем објект кој ќе се гради во рамките на градските исламски гробишта, за чијашто изградба ќе се потрошат средства во висина од некаде околу 100 000 илјади евра. Иницијатор е советникот Кујтим Усеини.

 |  Билјана Николоска  | 
muftija
muftija

Иницијативата веќе три години се провлекува, вели муфтијата …. Факт е дека на градот повеќе од потребно му беше еден ваков објект кој ќе се употребува за повеќе верски намени, додава тој.
Муслиманската капела се гради согласно законот за градски гробишта, вели Драган Пандески, координаторот на ЈП Градски гробишта. Таму стои дека во секое населено место со над 5 000 жители неопходна е изградба на ваков објект додава тој.
Муслиманската капела ќе се гради по Европски стандарди, со сите пропратни содржини. За нејзина изградба ќе се вложат средства од над 100 000 евра. Истата ќе биде голема околу 220 квадратни метри вклучувајќи го тука и дворното место. Според најавите на градоначалникот Петрески и советникот Усеини муслиманската капела до на пролет треба да биде готова.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top