Врачени дипломите во ФТУ

На студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кои дипломираа во претходната академска година, или до месец септември денеска свечено им беа врачени дипломите.  „Особена чест и задоволство ми беше што бев избрана за најдобар студент, ова е големо признание за мене. Сите колеги кои дипломиравме не застануваме тука, нашите аспирации  се големи, верувам дека ќе се реализираат“, вели Ивана Ангелоска, која поради постигнатиот просек за време на студирањето од  9.96 е прогласена за студент на генерацијата од насоката Осигурување.

 |  Татјана Маленкова  | 
vracuvanje diplomi
vracuvanje diplomi

vracuvanje diplomiНа студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кои дипломираа во претходната академска година, или до месец септември денеска свечено им беа врачени дипломите.  „Особена чест и задоволство ми беше што бев избрана за најдобар студент, ова е големо признание за мене. Сите колеги кои дипломиравме не застануваме тука, нашите аспирации  се големи, верувам дека ќе се реализираат“, вели Ивана Ангелоска, која поради постигнатиот просек за време на студирањето од  9.96 е прогласена за студент на генерацијата од насоката Осигурување.

„Ова беше еден од најдобрите периоди во мојот живот. Навистина сум задоволна од се во факултетот,  учењето, забавата и се останато… Сега следува вработување и се надевам дека тоа ќе се реализира“, вели Ивана Ангелоска – дипломец на ФТУ.

vracuvanje diplomi„Ние денеска го славиме знаењето. Треба да бидеме спремни да понудиме нешто, а нашите студенти со облекувањето на свечената одора се спремни уште утре да излезат на пазарот на трудот, затоа што тие со себе носат знаење стекнато токму во овој град, во градот кој е под заштита на Св. Климент Охридски“, истакна во својот говор пред дипломците деканот на факултетот Сашо Коруноски.

„ Спремни сме и  во еден комплексен амбиент да понудиме квалитет. Јас и во мојот говор кажав дека во сите размислувања за изедначување на пазарот на трудот со она што денес го правиме квалитетот е суштинскиот момент кој треба да пресуди. 41 година е зад нас, 41 година развој не сме задоволни од она што го постигнавме и секогаш сакаме да одиме напред секогаш се трудиме да иновираме и да бидеме први во Македониа. Тоа и сме. Лесно е да бидеш на врвот, треба да се одржиш. Тоа е нашето мото“, вели декан на ФТУ, Сашо Коруноски.
На свеченоста во ФТУ Посебно беа наградени и  најдобрите студенти на генерација  по насоките Хотелско-ресторанско работење и Царина и шпедиција. На м-р по науки од царинско-шпедиторското работење, Милена Чупаркоска, која магистрираше во февруари денес свечено и беше врачена магистерската диплома.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top