Post Views: 0
Делегација од Охрид, во посета на Р.Турција. Општината во Анкара беше претставена од советникот на ПЕИ Кујтим Усеини и Илкер Мустафа од Секторот за туризам и ЛЕР. Уште на првата работна средба членовите на нашата делегација успеале да постигнат договор за збратимување помеѓу две училишта, „Билкент“ од Анкара и ОУ „Братство и Единство“, од Охрид.
Кујтим Усеини вели дека задоволство е да се црпат искуства од луѓе кои очигледно на полето на образованието постигнале многу. Воедно тоа дополнително му дало поттик да размислуваат како би се направило нешто повеќе и за нашите...
Post Views: 13
До крај на годинава охриѓани ќе добијат болница. Вчера заврши електронската аукција за избор на најповолен изведувач за изградба и реконструкција на овој значаен објект, кој досега беше мета на разни политички препукувања и реакции на граѓаните на Охрид. „ВИА“ ДОО Вевчани е компанијата со најповолна понуда, која на вчерашната електронска аукција ја доби довербата пред бугарско македонската компанија и за 194 милиони денари ќе го гради овој капитален објект. За овој тендер немало голема конкуренција бидејќи Министерството за здравство имало поставено строги критериуми....
Post Views: 2
Деновиве во нашата редакција имаше јавувања и реакции од родители на ученици од електро-машинскиот центар „Свети Наум Охридски“. Родителите револтирани велат „Не е хумано на вакви ниски температури, нашите деца својот појадок да го јадат надвор.“Имено, на големиот одмор училишната зграда била заклучувана, а децата морале да седат во дворот на училиштето. На ваквите обвинувања од родителите, раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа, Серафим Наумоски, со следната изјава:
„Веќе подолга пракса е на ЕМУЦ и во други училишта на големите одмори училниците...
Post Views: 6
5.080.000 денари општински пари се одвоени само за средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од оваа сума, 980.000 денари се предвидени за изградба на ново спортско игралиште откако минатата година по судски пат им беше одземен дел од старото.
„Точно е дека дел од игралиштето во средното училиште „Ванчо Питошески“ е одземен односно сопствениците си го повратија имотот кој беше нивни, бидејќи игралиштето некогаш порано било асфалтирано, луѓето си го повратија имотот и во програмата гледате дека ние сакаме да го санираме тој дел односно ќе комплетираме едно игралиште...
Post Views: 10
Гласините дека сметките за гробарина ќе се намалат од ЈП нити ги потврдуваат нити ги демантираат, само велат дека досегашните сметки за 2011 година мора да се платат. Координаторот на ЈП „Градски Гробишта“ Драган Пандески вели дека има иницијатива за намалување на сумата за гробарина, но најпрво зелено светло за истата треба да даде Управниот одбор, а потоа и советот на општина Охрид.
„Управниот одбор на ЈП во декември 2010 год. донесе одлука-ценовник на ЈП во кој покрај другото беше прецизирана и ставката за одржување на гробните места, односно гробарина. На 29.12....
Post Views: 45
Елитна туристичка населба треба да се гради на просторот кај поранешната Детска специјална болница. Паѓаат во вода најавите за отварање на Одделение за детска кардиологија, од страна на Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Сега, судбината на двата големи објекти и огромниот простор на кој се наоѓаат, е во рацете на Министерството за транспорт и врски.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека сеуште траат постапките за утврдување на имотно-правниот карактер на недвижните ствари. Додаваат дека по утврдување на точниот имотно-правен статус, ќе се постапува...
Post Views: 2
Медицинските сестри со Високо образование од ЈЗУ Општа болница-Охрид испратија писмо до Телевизија ТВМ како реакција на изјавите на директорот на Општа болница искажани во прилог за Дневникот од 06.02.2012. Во отвореното писмо стои:
Почитуван директоре Г-дин Арнаудов
Ние медицинските сестри со завршена Висока медицинска школа на Универзитетот “Св.Климент Охридски” од Битола, не можеме да го оствариме нашето право за признавање на Високото образование во институцијата во која работиме-Општата болница во Охрид. И покрај нашите барања до надлежните органи...
Post Views: 9
Министерството за економија одвои 1,2 милиони денари за македонските занаетчии. Станува збор за доделување грантови во вредност до пет илјади евра за занаетчиите и тоа за набавка на опрема, алати и репроматеријали, како и за стручно оспособување и организрање на просторот. Овие средства се доделуваат во најголема мерка за зачувување на старите традиционални занаети, вели Сашо Богоески – претседател на Регионална занаетчиска комора.
„Ќе помогне доста затоа што има занаетчии со постари средства за работа или алати по 30,40, 50 години стари алати. Така средства до 5000...
Post Views: 1
Од Општа болница информираат дека инсулин има доволно за сите пацинети. Снабдувањето се одвива без проблеми. Објаснуваат дека одредени пациенти тешко ги прифаќаат трајните инсулински пенкала наместо досегашните за еднократна употреба.Во моментов во Центарот за дијабет се воведува новина. Пацинтите се префрлаат на примена на трајни инсулински пенкала за кои има инсулински патрони. Старите еднократни пенкала веќе не се произведуваат и се воведуваат нови велат интернистите. Со овие пенкала ќе има заштеда на средствата за оваа намена имајќи ги во предвид обидите на министерството...
Post Views: 5
Студеното време повеќе од било кога го извлече на површина прашањето за бездомните лица во државава. Во Охрид, досега евидентирани три случаи на бездомници кои делумно имаат своја разрешница. Во првиот случај станува збор за семејство на кое му било посочено како да аплицира за добивање на владините социјални станови, по која апликација, ова семејство веќе не спаѓа во категоријата на бездомни лица, а оствариле и право на социјална парична помош. Во другиот случај, Центарот за социјални работи му помогнало на едно лице да ја комплетира документацијата за остварување...
Post Views: 3
Традиционално и годинава О.У. „Григор Прличев“, го одбележа својот патрон. Во рамките на одбележувањето преку низа активности, учениците, како и целокупниот наставен кадар, добро се покажаа пред охридската јавност, синоќа во Центарот за култура. Најмладите со нетрпение чекаа да се претстават. Полни со емоции, а пред се максимално концентрирани за настап, кажаа дека чест е да се биде учесник во програмата за одбележувањето.
Основците преку својот настап низ музика, игра, песна, рецитал и други точки го потврдија својот талент. Исто така воодушеви и настапот на учениците...
Post Views: 0
Медицинските сестри со завршена висока медицинска школа се жалат дека охридската општа болница не им ги признава дипломите. Нагласуваат дека во систематизацијата на работни места го нема нивниот профил. Ова го потврдува и директорот на болницата д- р Љубен Арнаудов, кој појаснува дека тоа е став на болничкиот Управен одбор. Донесена е одлука да не се плаќа високото образование се додека не се промени систематизацијата на работни места, вели д-р Арнаудов.„Во болницата по систематизацијата се плаќа работното место, а не според образованието. Сестрите кои на работните...