Post Views: 0
Средното економско училиште ќе се поднови. Од буџетот на Општина Охрид издвоени се 500 000 ден. за реновирање на фискултурната сала, изградба на нови соблекувални и кабинет по физичка култура. Ќе се работи во текот на летниот период за од наесен учениците да добијат сала со нов лик и со оптимални услови за извршување на настава, вели советникот за образование,Серафим Наумоски. Тој објаснува дека и досега општината финансирала во ова училиште, но признава дека тоа не е доволно.
Новина е и тоа што ќе се уредува дворната површина во економското училиште. Стручни лица од...
Post Views: 0
Дијабетичната ретинопатија, глаукомот и сенилната дегенерација се трите најчести причини за појава на слепило во Република Македонија. Но ако некогаш очните болести биле сметани за најчесто старечки болести, сега таа граница скоро и да не постои. Кај младата генерација намалувањето на видот е најчесто како последица на вродени рефракциски аномалии односно кратковидост, далекувидост и кривење на очите.
Зголемените сончеви и космички зрачења, седењето во зачадени, климатизирани простории како и минување многу време пред компјутер или телевизор се само дел од мноштвото...
Post Views: 16
Закони и сообраќаен режим имаме, локација имаме, но автобусите со туристи речиси секој викенд можеме да ги сретнеме паркирани на неколку улици низ центарот на Охрид. Нивните несовесни возачи навистина храбро го тестираат прагот на толеранција на СВР Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека имаат одредено ниво на толеранција кога патниците се превезуваат со автобусите до сместувачките објекти во централното градско подрачје, но потенцираат дека за паркирани автобуси на места кои не се предвидени за тоа, важат истите сообраќајни правила, а за нивно непочитување и истите казни....
Post Views: 9
Ова не е политичка борба, туку борба за нашите социјални права, велат од штрајкувачкиот одбор. Својот револт штрајкувачите денеска го изразија пред дирекцијата на ЈП во градскиот пазар и истиот не само новинарите туку го слушна и директотот лично, кој додека вработените штрајкува на само пет шест метри од нив, мирно пиеше кафе. 60 % од вработени штајкот во кој си ги бараат своите плати го отпочнаа на 03.мај. Од штрајкувачкиот одбор тврдат дека и покрај притисокот и мобингот кон вработените од страна на раководството на ЈП со цел да се откажат од своите синдикални права...
Post Views: 2
Родители внимавајте анемија ги напаѓа децата. Здравствената слика на охриѓани покажува дека во регионот бeлежaт пораст анемијата и заболувањата на тироидната жлезда. Кај предшколските деца на возраст до 7 години на прво место преовладуваат заболувањата на дишните патишта со 58 проценти, а веднаш зад нив следува анемијата со 3,5 посто, укажува д-р Слободанка Коцевска, од охридскиот Центар за јавно здравство. Најчесто на удар се предшколските деца, појаснува д-р Коцевска.
„Причина за откривање на анемијата и заземањето второ место се честите лабораториски контроли кај...
Post Views: 5
ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека само една фирма од Охрид, била понудувач на јавниот конкурс за давање на концесија за вршење стопански риболов на рибите од риболовното подрачје на Охридското езеро. Имено станува збор за фирмата „Пастрмка 2012“.
После отварањето на понудите и завршувањето на електорнската аукција сега на потег е Комисијата за доделување на концесии за најповолните понуди која се очекува да достави предлог до владата на РМ, која пак треба да ја донесе конечната одлука кој ќе биде концесионер на езерото.
Инаку идниот концесионер требa да изготви...
Post Views: 4
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ прашуваат дали за успешност СДСМ од Охрид го смета фактот дека Градоначалникот Петрески и неговите другари од СДСМ во Локалната самоуправа имаат десеттици кривични пријави за незаконско работење во Општината. Дали успех е тоа што Охрид стана тема на потсмев поради изјавите на Градоначалникот и несвесните гласања на советниците од СДСМ и мнозинството. Дали за успешност во СДСМ ги сметаат потрошените над 50 милиони евра од Буџетот на Општина Охрид без ниту една инвестиција во нашиот град. Дали за успешност СДСМ го смета новонапревениот долг од оваа...
Post Views: 0
Фотографии од Месечината во перигеј од небото над Охрид направија двајца охриѓани, аматери и вљубеници во астрономијата. Стојан Стојановски и Сашо Божиноски избрале локација во населбата Видобишта од каде што го следеле орбиталното движење на Месечината кога таа е најблиску до Земјата. Стојановски и Божиноски трпеливо направиле прекрасни фотографии и снимки на Месечината во перигеј.
„Времето беше идеално, прво чекавме да изгрее Месечината, снимавме и сликавме трпеливо со часови. Околу 5 часот изутрината го чекавме нејзиниот залез. Снимките кои ги направивме се убави,...
Post Views: 4
Спортски викенд за пензионерите од Охрид и Дебрца. Загреани за спортот, тие се натпреваруваа во неколку дисциплини. Фрлаа пикадо, стрелаа со воздушни пушки, а удрија и по некоја партија шах и табла.
Овие натпревари на охридските пензионери се дел од седумнаесетите по ред спортски пензионерски натпревари. А нашите пензионери добро се покажале и на регионалните, но и на републичките натпревари.
„Ова е согласно програмата на Здружението на пензионери од Македонија на овие натпревари кои што се изборни за регионалните, а потоа и за републичките, се присутни околу 140 до...
Post Views: 3
Продолжуваат целонеделните активности на Црвениот крст од Охрид. Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечна започнаа токму на роденденот на основоположникот на оваа организација, Анри Динан, 8ми Мај, а завршуваат на 15ти Мај. Бројни волонтери на Црвениот крст беа присутни на овој хепенинг и се погрижија за тој да помине во најдобар ред.
„Денеска се одвива и традиционалната крводарителска акција под покровителство, помош и подршка на спортската обложувалница премиер голем број на крводарители се одзваа на нашиот повик, навистина им благодарам на хуманоста а и благодарам...
Post Views: 11
ОД ВМРО НП јавно проговија за безредијата во Струга. Тие запрашуваат кој е во коалиција во Струга, дали ДУИ И ДПМНЕ, дали ДУИ СДСМ или сите задно како широка коалиција. Член на извршниот одбор на ВМРО НП, Ванчо Костовски потсети дека пред 7 – 8 години во време на владеењето на СДСМ, беа поставени новите границите на општина Струга, и дека во својата политичка програма ВМРО ДПМНЕ се залагаше дека ќе ја врати Струга во старите граници. Костивски видно разочаран што пратениците во ниту еден момент не се заложија за реализирање на овие ветувања. Тој обвинува дека пратениците...
Post Views: 6
Протести во Струга немаше. Овој град не е меѓу неколкуте во кои денеска се протестираше, поради како што велат демонстрантите „навредите што ги упати Владата на Македонија кон албанскиот народ со муслиманска вероисповед“. Стружани едногласни дека причини за протести нема, но ретко кој тоа сакаше јавно да го каже. Постар жител од муслиманска вероисповед, собра сила и јавно кажа дека Македонија е на сите без разлика на вера и националност.
Во Струга денес беше очигледно зголеменото полициско обезбедување иако до очекувниот протест недојде. Посебно вниманието на новинарите...