За некои успех за некои неуспех

Oпштинската организација на Сдсм се фали со успешната работа на Локалната, од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ пак тврдат дека фалбите се неосновани

 |  Јаковлева Лионела  | 
atanasko
atanasko

atanaskoОд ОК на ВМРО ДПМНЕ прашуваат дали за успешност СДСМ од Охрид го смета фактот дека  Градоначалникот Петрески и неговите другари од СДСМ во Локалната самоуправа имаат десеттици кривични пријави за незаконско работење во Општината. Дали успех е тоа што Охрид стана тема на потсмев поради изјавите на Градоначалникот и несвесните гласања на советниците од СДСМ и мнозинството. Дали за успешност во СДСМ ги сметаат потрошените над 50 милиони евра од Буџетот на Општина Охрид без ниту една инвестиција во нашиот град. Дали за успешност СДСМ го смета новонапревениот долг од оваа Локална самоуправа од 15 милиони евра кој генерации охриѓани ќе го имаат како спомен од овој Градоначалник.

За успешност СДСМ  го смета пазарењето и гласањето на советниците на СДСМ и коалицијата за ДУПови кои го нарушуваат централното подрачје и крајбрежието на Охрид, рече Атанаско Михаилов-претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ
 
Михаилов прашува дали СДСМ за успешност го сметаат обидот за поставување на братот на Градоначалникот за претседател на Комисија за јавна набавка тешка милиони денари.

Дали за успешност го сметаат и гласањето на советниците на СДСМ и коалицијата за подигање на цените на комуналните услуги, рече Атанаско Михаилов-претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Михаилов уште многу нешта стави на списокот на неуспеси на СДСМ и Локалната. Меѓу нив се и неисплатените плати и придонеси на вработените во јавните претпријатија во Охрид и штрајковите во истите, изгледот на Охрид во туристичката сезона, состојбата на главните улици низ Охрид . Неисполнувањето на ветувањата за модерен Градски Пазар, Жичара, модерна автобуска станица, 50те фонтани и тн. Михаилов вети дека Охрид ќе добие сосема поинаков лик по една година бидејќи нивниот кандидат ќе победи на локалните избори.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top