ВМРО НП проговори за безредието во Струга

ВМРО НП прашува дали во Струга владее нова поширока коалиција.

 |  Маленкова Татјана  | 
Vanco kostovski
ванчо костовски

 

ОД ВМРО НП јавно проговија за безредијата во Струга.  Тие запрашуваат кој е во коалиција во Струга, дали ДУИ И ДПМНЕ, дали ДУИ СДСМ или сите задно како широка коалиција.  Член на извршниот одбор на ВМРО НП, Ванчо Костовски потсети дека пред 7 – 8 години во време на владеењето на СДСМ, беа поставени новите границите на општина Струга, и дека во својата политичка програма ВМРО ДПМНЕ се залагаше дека ќе ја врати Струга во старите граници. Костивски видно разочаран што пратениците во ниту еден момент не се заложија за реализирање на овие ветувања. Тој обвинува дека пратениците наместо да изнајдат решение за ова прашање, тие тргнаа во поделба на директорските места. Косовски јавно ја запраша владата дали законите подеднакво функционираат во сите делови и градови во Македонија.  

„Во општина Струга се основани не едно туку три ЈП за водоснабдување, што е спротивно за законите во Р plaza struga Македонија и другите закони, затоа што во законот децидно стои дека на териоторијата на една општина може да се формира само едно ЈП со иста дејност. А во општина Струга дејствуваат уште две или три ЈП кои сами наплаќаат за вода, во Велешта, Делогожда. Проблемот е уште поголем што некои од нив користат вода и од МЈП Проаква“, вели член на  извршниот одбор на ВМРО НП, Ванчо Костовски.

Од ВМРО народна уште запрашуваат како централниот регистар на Р македонија можеше да регистрира вакви Јавни петпријатија. И не само за овој проблем, од ВМРО НП на денешната пресс конференција се осврнаа и на проблемот со  Вработувањето во МЈП Проаква. Тие тврдат дека  години наназад во ова МЈП се вработуваат луѓе без одлука на управниот одбор и тогашниот директор.

„Прашуваме како е можно агенцијата за вработување да ги спроведе овие вработувања, бидејќи не се донесени со одлука на УО и директорот. За вакви прекршок во минатиот период имаше и затворски казни. Една од многуте нелогичности е донесувањето на буџетот во 2012 год“, истакна Костовски.

Костовски потсети дека со помош на гласовите од СДСМ во Советот, донесен е и ДУП – от за крајбрежјето во Струга. „Колку за потсетување, ВМРО – Народна партија беше

единствената партија во Советот на Општина Охрид која гласаше против изградба на станбени објекти на крајбрежниот простор кај СРЦ “Билјанини извори”, истакна членот на извршниот одбор на ВМРО НП.

Дали во Струга има тројна колиција и дали таа функционира во зависност од интересите на двете македонски партии, кои флертуваат со Градоначалникот Мерко?! Дали ваквото функционирање на овие две партии е во интерес на граѓаните на Струга, особено на македонското население?!, запрашаа од ВМРО НП.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top