Очните болести веќе не се болест на постарите

Посетата на очен доктор витална за рано откривање на очните болести.

 |  Мишел Наумоски  | 
oko
око

Дијабетичната ретинопатија, глаукомот и сенилната дегенерација се трите најчести причини за појава на слепило во Република Македонија. Но ако некогаш очните болести биле сметани за најчесто старечки болести, сега таа граница скоро и да не постои. Кај младата генерација намалувањето на видот е најчесто како последица на вродени рефракциски аномалии односно кратковидост, далекувидост и кривење на очите.

oftalmolog  d-r AngelovaЗголемените сончеви и космички зрачења, седењето во зачадени, климатизирани простории како и минување многу време пред компјутер или телевизор се само дел од мноштвото фактори кои можат  да придонесат за оштетување на видот. Оттука целосно е издржана тезата дека децата треба да поминуваат помалку време пред телевизор или компјутер.

„Солзниот филм е една заштита на окото која го штити окото од надворешни влијанија, од ветер, од дожд, сончеви зраци и при седењето пред компјутерите, забораваме да трепкаме и доаѓа до сушење на очниот филм, очите ни стануваат црвени, имаме чувство на туѓо тело, понекогаш може да настанат дефекти на роговицата кои ни причинуваат болка па при крајот на денот имаме и проблеми со гледањето односно имаме намален вид.“-вели Д-р Роза Ангелова-Офталмолог при очната поликлиника Корнеамедика-Скопје.

oftalmolog Crven krstД-р Ангелова вели дека не може да се отстранат сите фактори кои предизвикуваат оштетување на видот, но дека превенцијата во голема мера го намалува нивното влијание. Како дел од превенцијата се и редовните офталмолошки прегледи кои д-р Ангелова вели дека треба да се прават најмалку еднаш годишно.

„Во денешно време свеста на пациентите е на повисоко ниво. Дали е тоа резултат на едукација, дали преку медиумите или интернетот, се повеќе се информираат за своите заболувања и почести  се нивните посети на офталмолог од порано, но сепак се недоволни, сепак сеуште има пациенти кои за жал сеуште се касно се јавуваат за преглед во амбулантите.“-рече Д-р Ангелова.

Заштитата на вашите очи и не е толку тешка. Многу е важно да се консумира свежо овошје и зеленчук, да се јаде риба, да се шета во природа и да се носат очила за сонце. Што се однесува до посетите на офталмолог, Црвениот крст од Охрид и очната поликлиника Корнеа медика како дел од караванот за превенција од очни заболувања, ќе доделат и десетина ваучери за бесплатен преглед. Предност за добивање на овие ваучери ќе имаат социјално загрозените семејства од Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top