Post Views: 3
Коронавирусот е изолиран во лабораторија со што се докажува неговото постоење. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 200.000, а бројот на починати е погвеќе од 7.000. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на пациентите...
Post Views: 3
Тело на маж без глава и со отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Светските медиуми пренесуваат дека полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство. Убиството се случило во познатата туристичка област Прованса, на Азурниот брег.
Полицијата објави фотографија од наводниот сторител на Фејсбук, маж во четириесетти години, и повика сведоци кои можеби ќе го видат веднаш да се јават во полиција. Според неофицијални информации, убиецот е внук на жртвата.
Локалниот градоначалник го опиша осомничениот како „нестабилна личност“...
Post Views: 3
Народните носии автентични за Југозападниот регион во земјава собрани во Монографија „Од Љубанишча до Дебор“. Автор е млад стружанец, колекционер, кој од своите 15 години започнал со собирање на народни носии. Монографијата содржи фотографии на невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина. Станува збор за вистински ремек дела, кој ја отсликуваат креативноста на жените од регионот.
Успеав да соберам една така побогата колекција која ја претставив во монографија. На монографијата...
Post Views: 3
Од морални причини оставка по пожарот во ковид болницата во Тетово поднесоа министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, како и двајцата директори на болницата Фљорин Бесими и Артан Етеми. Во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти, а истрагата за причините за несреќата се уште е во тек.
Филипче на кратка прес- конференција во Владата порача дека од денот на почетокот на пандемијата до денес пред граѓаните секогаш стоел транспарентно соопштувајќи ги и добрите и лошите вести, а притоа никогаш не бегал од критика и не останал должен...
Post Views: 9
При подготовка на квалификација во соработка со образовните власти или при подготовка на квалификација која ќе биде понудена и изведувана од работодавец, следењето на дадени чекори и напатствија овозможува самостојно обликување на квалификација но и активно учество во квалитетот на квалификациите и во креирањето на образовните политики.
https://www.e4e.mk/…/vodich-za-procesot-na-verifikacija…
Водичот е изработен од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, со поддршка од Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк)“,финансиран...
Post Views: 27
Реконструкција на Охридското одделение за трансфузиологија не е паметна инвестиција за надлежните. Објектот во кој функционира Службата за трансфузиона медицина во Охрид не ги исполнува условите ниту просторно ниту локациски, покажале анализите, а неодамна јавноста беше шокирана и од споделените фотографии на социјалните мрежи за внатрешните услови. Влажни и мувлосани подрумски простории, дотраена дограма, искршен мебел се далеку од стандардите за нормално одвивање на дејноста.
Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во секој...
Post Views: 8
Повеќе од половина од целосно имунизираното население во земјата, поточно 411.171 лица се вакцинирни со кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“ и со руската „Спутник В“. Сега, овие граѓани – вакцинирани со некоја од споменатите три вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), се соочуваат со ограничувања при патување во странство. Вакциниранираните со „Синовак“ ,„Синофарм“ и „Спутник В“, дури и ако го примат бустерот на „Фајзер“, ќе наидат на рестрикции и карантин за влез во повеќето европски земји, кои ги уважуваат единствено вакцините признаени...
Post Views: 0
Кризниот центар за борба против коронавирус во Москва, денеска соопшти дека во изминатите 24 часа, како последица од ковид починале 1.105 луѓе, со што бројот на починати од коронавирусот достигна 225.325 од почетокот на пандемијата. Русија е на четврто место по број на починати од ковид, и се наоѓа зад САД, Бразил и Индија.
Денеска и Украинското Министерството за здравство објави дека од ковид починале 538 лица во изминатите 24 часа, што е највисока дневна бројка забележана за време на пандемијата. Досега како последица на ковид во Украина починале 61,348 луѓе.
И Романија...
Post Views: 11
Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл’п, кој започна вчера во 13 часот и натаму е активен, информира Центарот за управување со кризи, додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектари и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер.
Моментално на терен е екипа од Шумското стопанство „Бабуна“ со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица со две возила.
Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п.
Пожарот во 13 часот во горниот фронт е ставен под контрола, додека во...
Post Views: 21
На 10-ти септември 2021 година, во 08.00 часот во Струга на магистралниот пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 16-годишен малолетник од Република Албанија, и товарно моторно возило „Сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од страна на 63-годишниот Б.О. од Велес. По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде од доктор...
Post Views: 7
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2022 за долгови доспеани до 31.10.2021 и неплатени до 31.01.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.02/2022 објавени се 1.744 должници – правни лица (помалку за 18 од претходната листа) и 3.080 физички лица (повеќе за 44 од претходната...
Post Views: 4
Деновиве, во големата сала на Општина Охрид беше спроведена обука со граѓанските организации за подготовка на предлог проекти, по претходно објавениот повик од страна на Општина Охрид. Проектот е во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (RЕLOAD2), од програмата за развој на обединетите нации (УНДП).
На обуката граѓанските организации кои се потенцијални подносители на проекти, од страна на консултант беа детално запознаени со начинот на подготовка, пријавување и потребните критериуми. На обуката беа дискутирани идентификуваните недоследности...