Сообраќајка на магистралниот пат Струга-Ќафасан, повреден малолетник

На 10-ти септември 2021 година, во 08.00 часот во Струга на магистралниот пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

 |   | 

На 10-ти септември 2021 година, во 08.00 часот во Струга на магистралниот пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 16-годишен малолетник од Република Албанија, и товарно моторно возило „Сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од страна на 63-годишниот Б.О. од Велес. По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица во Струга – информираат од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top