boja

Настрада каналот Студенчишта

Post Views: 0 Не престанува атакот кон водните ресурси во градов. Водата во каналот Студенчишта прекриена со сини дамки. Рибарите велат дека се работи за остатоци oд боја. Инспекциските служби и овој пат затаија. На површината на водата пливаат сини дамки. Рибарите кои алармираа за оваа појава, не сакаа да коментираат пред нашата камера. Тие кажаа дека се работи за остатоци од боја која се употребува за бојадисување на бродовите. Додаваат дека со ваквиот однос на несовесните сопственици на бродовите, на каналот му претстои еколошка катастрофа. Рибарите велат, инспекциските служби...

Continue reading

заби

Оралното здравје кај децата се подобрува, но не е на задоволнително ниво

Post Views: 13 Оралното здравје кај децата се подобрува, но не на задоволнително ниво, покажале резултатите од неодамна спроведената акција на превентивни стоматолошки прегледи. Од 163 прегледани деца на возраст од 6 до 10 години само 2 проценти биле без кариозни запчиња. 70 % со 1 до 2 кариозни заби, а 20 посто со повеќе од 3 кариозни заби, информира д-р Емилија Стојаноска, стоматолог од приватната ординацијата д-р Баткоски. Со превентивните прегледи било  констатирано дека 43 посто од прегледамите деца се со ортодонски аномалии. Кај децата е констирано и запоставување  на малечните...

Continue reading

Со засилено темпо продолжува техничкото опремување на Државниот архив

Post Views: 6 Деновиве пристигна опремата со која технички се подготвува процесот на дигитализација низ подрачните одделенија на државниот архив низ земјава, вклучително и во подрачното одделение на оваа институција во Охрид. Новите скенери, принтери, декстоп компјутери, лаптопи и останата опрема ќе бидат на располагање на вработените на Државниот архив во сите одделенија низ државата.

Continue reading

mansijeski

Манасијески: За мене сликарството е спонтана и сериозна работа

Post Views: 0 Пријатно е чувството да се добие награда,  а возбудата и чувствата се неизмерни, вели годинешниот добитник на Св Климентовата награда патронот на градот за 2014 година, академскиот сликар Јордан Манасијески. Со  своето специфично и препознатливо сликарство  Манасијески успешно ја презентира Македонија и Охрид во големите светски центри на уметноста.  Оваа награда многу ми значи затоа што се доделува на еден голем ден за сите нас, напоменува Манасијески. „ Св. Климентовата награда ја чувствувам во моето срце. Чувствувам дека светецот, нашиот заштитник, е  жив и секогаш...

Continue reading

ucenici

Заедно против деформитетите на рбетниот столб и на стапалата кај децата

Post Views: 3 Расте процентот на деформитети на рбетниот столб и на стапалата кај децата од предучилишна возраст. Причина за тоа најчесто е нивната слаба физичка активност и неправилно седење и одење ,  вели директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костоска. После петтата година веќе може да се констатира доколку има деформитет кај некое дете, додава таа. Поради тоа од почетокот на наредната година во оваа предучилишна установа ќе спроведат систематски прегледи за рано откривање на деформитетите на мускулно- скелетниот систем. Се превземаат чекори зеадно со Центарот за јавно...

Continue reading

Крај за еден од најпознатите мобилни брендови

Post Views: 9 Откако во 2007 Apple го промовира iPhone, бројни мобилни компании се обидоа да се прилагодат на новите трендови на пазарот кој ги постави компанијата на Jobs (телефони без физичка тастатура и со екрани на допир), но екипата од Nokia, коjа во тоа време доминираше на пазарот, сметала дека телефоните со допир никогаш нема да бидат подобри од оние со физичка тастатура. Ваквото размислување се покажа потполно погрешно и со тек на времето дојде до драстично намалување на продажбата на нивните телефони. Првите телефони со екран на допир на Nokia не се покажаа доволно конкуретни,...

Continue reading

ministerstvo

На 15 декември истекува рокот за барање на откуп за државно земјиште

Post Views: 2   Гужва пред одделението на Управата за имотно правни работи Охрид. Рокот за поднесување барања за приватизација на земјиште во државна сопственост истекува на 15 декември 2014 година како што информираа од Министерството за финансии. Охриѓани информирани, но постапката им се видела комплицирана, бидејќи изминативе години по неколку пати тропнале на вратите од подрачното одделние на Управата за имотно правни работи. „Не доаѓам прв пат, за дворно место, доаѓам ме одбиваа па се тужев. Одамна имам подадено, носам  тужби, жалби да се разберам што е работата никој ништо...

Continue reading

Sv.Georgij

Православните христијани денес го одбележуваат Св.Великомаченик Георгиј

Post Views: 0 Многу семејства Св. Георгиј го имаат како домашен светец и заштитник. Бидејќи празникот се паѓа во Божиќните пости, Св. Георгиј е посна слава. На иконата Св. Георгиј е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. И според легендата Св. Георгиј ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Во позадина се гледа женски лик. Тое е царицата Александра. Св. Георгиј е роден во Кападокија, Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште од детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина...

Continue reading

gorivo

Совети како да заштедите гориво

Post Views: 7 Во време кога цената на нафтата секојдневно расте, сите возачи се соочуваат со ист проблем- за иста сума пари на бензинска пумпа точи се помалку гориво, а со тоа минува се помалку километри. Поради тоа неизбежна тема за која размислуваат сите возачи е како да вози најоптимално, односно, да минува што е можно повеќе километри со помалку гориво. За да ви ја олесниме маката ќе ви помогнеме со неколку совети за тоа: 1. Ако сакате на заштедите гориво потрудете се да возите под ограничувањето. Наместо 120 км/ч на автопат возете 100 км/ч, наместо 80 км/ч ограничете ја брзината...

Continue reading

nagrada

Во Охрид врачени нагрaдата и повелбатa Св. Климент Охридски

Post Views: 17 Со свечена Академија Охрид го одблежа патрониот празник Св Климент. Градоначалникот Никола Бакрачeски потсети на универзалните вредности на името и делото на Св. Климент и неговото големо дело како прв словенски архепископ и втемелувач на Охридската архепсикопија на сесловенскиот универзитет на просветителството и книжевноста. Св Климент  заедно со неговиот духовен брат Св Наум  го претворија Охрид во центар на ширењето на божјото слово, писменост и култура, кажа Бакрачески пре дголем број охриѓани и гости од збратимените градови.    „ Св Климент не ни припаѓа само...

Continue reading

Sv.Erazmo

Предвелигденски хепенинг

Post Views: 0 Децата заболени од церебрална парализа не треба да се заборават. Годинава за прв пат СОУ „Св Климент Охридски“ на децата со физички хендикеп кои се наоѓаат на лекување во специјалната болница „Св Еразмо“ им приреди предвелигденски хепенинг. Директорот на гимназијата, Наум Рилкоски вели дека ваквите посети се од големо значење за децата па затоа професорите од се срце се потрудиле па обезбедиле и скромни подароци.Директорот на специјалната болница, Д-р Митко Тилев вели дека ваквите хуманитарни гестови секогаш се добредојдени и прифатени како од колективот на болницата,...

Continue reading

sv.kliment

Со голем број настани се чествува патронот на градот

Post Views: 6 Точно напладне, претставници од локалната самоуправа, странски делегации, претставници од политичките партии и охриѓани, на градскиот плоштад се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски. Свој настап имаше и црковниот хор на Св. Богородица Перивлепта кои пред присутните гости и изведоа неколку црковни песни. Утрово , граѓаните се поклонија пред моштите на Свети Климент Охридски во црквата на Плаошник каде имаше света литургија, а положија цвеќе и пред споменикот во основното училиште што го носи името на патронот. Во рамките на Светиклиментовите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top