Предвелигденски хепенинг

Децата со физички хендикеп кои се наоѓаат на лекување во специјалната болница Св. „Еразмо“, добија скромни подароци од Гимназијата СОУ „Св Климент Охридски“.

 |  Билјана Николовска  | 
Sv.Erazmo
Св. Еразмо

детеДецата заболени од церебрална парализа не треба да се заборават. Годинава за прв пат СОУ „Св Климент Охридски“ на децата со физички хендикеп кои се наоѓаат на лекување во специјалната болница „Св Еразмо“ им приреди предвелигденски хепенинг. Директорот на гимназијата, Наум Рилкоски вели дека ваквите посети се од големо значење за децата па затоа професорите од се срце се потрудиле па обезбедиле и скромни подароци.
Директорот на специјалната болница, Д-р Митко Тилев вели дека ваквите хуманитарни гестови секогаш се добредојдени и прифатени како од колективот на болницата, така и од корисниците на услугите. Тој додава дека во земјава и надвор од неа оваа здравствена институција нуди најквалитетните и најдобри услуги.
Специјалната болница од поодамна има соработка со СОУ Св. Климент Охридски. Во болницата се изведува и настава од прво до осмо одделение, за децата кои подолго време се наоѓаат таму. Инаку бројот на децата кои се на престој во болницата варира од 10 до 30.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top