Во Охрид врачени нагрaдата и повелбатa Св. Климент Охридски

 Во Охрид врачени нагрaдата и повелбатa Св. Климент Охридски. 

 |  Валентина Неловска  | 
nagrada
nagrada

Со свечена Академија Охрид го одблежа патрониот празник Св Климент. Градоначалникот Никола Бакрачeски потсети на универзалните вредности на името и делото на Св. Климент и неговото големо дело како прв словенски архепископ и втемелувач на Охридската архепсикопија на сесловенскиот универзитет на просветителството и книжевноста. Св Климент  заедно со неговиот духовен брат Св Наум  го претворија Охрид во центар на ширењето на божјото слово, писменост и култура, кажа Бакрачески пре дголем број охриѓани и гости од збратимените градови.    
nagrada
„ Св Климент не ни припаѓа само на нас  туку на светскиот универзум , на светската ризница чии белези оствариле сите цивилзиации. Св Климентовото дело не упатува на современите човекови принципи. Ни ја вкорени најсилната етичка сила и ни рече тргај се од злото и прави добро“, напомена Бакрачески.

Градоначалникот Никола  Бакрачески ја врачи  наградата Св. Климент Охридски патрон на Охрид за 2014 година на Јордан Манасиевски, ликовен  уметник. Сликарот со светско реноме преку своите уметнички дела ги афирмира охридските и македонски вредности пред светот. Манасиески се заблагодари за наградата и рече на ова место можеше да биде било кој друг затоа што Охрид изобилува со врвни луѓе од сите дејнoсти.  

Претседателката на Советот, Гордана Коњановска,  пак ја врачи Св. Климентовата  повелба постхумно за Слободан Крлески, на член од  семејството, за  негов придонес во афирмацијата на Охрид преку фолклорот.

На свечената Академија пригоден настап имаше гимназискиот хор Св. Климент  Охридски, а  беше пропратена и со музички перформанс на Драган Даутовски. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top