Post Views: 5
Чувствувајќи потреба да им ги објасни основни законски чекори и постапки на охридските Социјалдемократи , општина Охрид посочува дека објавата за отуѓување на градежното земјиште во УЗ 1 блок 1.2, блок 1.4 и дел од блок 3.4 во Охрид се спроведува по барање на Министерството за транспорт и врски. Градежната парцела е во согласност со Урбанистичкиот план со вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Максималната висина до венец е од 3,9 м и катност- Приземје ( минус две нивоа). Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште ...
Post Views: 0
Нема потреба од стрaвување дека станбените објекти за домување ќе го нарушат автентичниот изглед на стариот дел на Охрид, смируваат од Завод и музеј, по најавите дека општината на лицитација ќе продава државно земјиште под Плаошник. Мора да се почитуваат сите законски одредби, тврди Директорката на Завод и музеј, Tања Паскали Бунташеска, и додава дека будно ќе ја следат градбата.„ Максиманло се трудиме проектите да се изработат според Законот за Охрид и заштита на културното наследство, Законот за градба и континуирано градбите се следат во целиот период. По завршување...
Post Views: 1
Првата детска амбасада во светот Меѓаши како организација која се грижи за заштита на децата и нивните права потсетува на значењето и целта на овој меѓународен ден, а тоа е да се признае болката која децата ја претрпуваат насекаде низ светот како резултат на физичко, ментално и емоционално злоставување.
Од добиените податоци од работата на СОС телефонот за деца и млади од Меѓаши соопштуваат дека дошле до заклучок дека децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, тие се исплашени и се чувствуват немоќно.
“Во текот на минатата 2010 година на СОС телефонот за...
Post Views: 9
Градинката „Јасна Ристеска“ создава услови за згрижување дечиња со помали пречки во психофизичкиот развој. Во ова предшколска установа набавени се сите аудиовизуелни средства како и опрема и материјали за работа со овие деца. Директорката Роза Костоска вели дека интерес кај родителите за згрижување на децата има, а според законот во групата каде што има дете со пречки во развојот вкупниот број на децата се намалува за два.
Не е благодарно да кажуваме колку дечиња има во градинката со некаква попреченост бидејќи ние во никој случај не сакаме да ги етикетираме. Ние работиме...
Post Views: 14
„Кога градителот внесува дел од себе во објектот, тогаш објектот добива душа“, вели Влатко Кавај, кој речиси четириесет години гради едрилици.
Кавај и уште неколку ентузијасти ги градат овие пловни објекти користејќи ги најновните технологии. Тајната на креативното творештво ја делат секојдневно меѓусебе.
Креации кои во себе ја носат душата на своите градители. Од неодамна во Струга функционира клубот за самоградба „Сирма“. Станува збор за јахтинг клуб кој функционира паралелно со едриличарскиот клуб „Снегар“. Тука неколку ентузијасти градат едрилици. Влатко Кавај...
Post Views: 5
Слаб интерес за посета на уникатната Златна соба во Музејот на Робевци. Два месеци по нејзиното отварање ј авидел мал број луѓе велат незадоволно од Завод и мзуеј. Од таму негодуваат, дека и покрај сите пристисоци на медиумите псокоро да се отвори Златаната соба, охриѓани непокажале интерес помасовно да ја посетат. Во овој период Музејот на Робевци каде што е сместено Златото на Лихнитида го видел едвај 200 луѓе. Златаната соба вопоголем број ја виделе стружани од колку охриѓани. Отпечатен е луксузен каталог, па дури е воведено и ново работно време за посета се...
Post Views: 4
Во подготовките и Финалната планирачка конференција учествуваат претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи и членови на НАТО главниот планирачки тим.
Вежбата предвидува во неа да бидат вклучени: елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, компјутерски криминал и сајбер напади, лажни вести, спасување и укажување на помош на граѓаните при епидемија со вирус, кои претставуваат одлична основа за развивање на капацитети и способности за соодветно спротивставување, сузбивање на овие криминални дејствија и преземање на...
Post Views: 6
Од година во година се повеќе расте бројот на старите селски куќи кои се прилагодуваат за рурален туризам, каде на гостите им се нуди ноќевање и храна. Една ваква можност имаат и жителите од Дебрца, со оглед на атрактивната местоположба на општината, која се наоѓа во непосредна близина на Охридското Езеро. Но за жал како што информира градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски засега слаб е интересот на дебрчани за преадаптација на објекти за развој на руралниот туризмот.
„Проблем е тоа што самите жители на општина Дебрца не пројавуваат некој интерес за адаптација на...
Post Views: 1
Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО- ДПМНЕ бадијала сакаат да продадат атрактивно градежно државно земјиште под Плаошник, реагираа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Како што изјави портпаролот Александар Кузески станува збор за градежна парцела на која се предвидува изградба на станбен објект на три ката во делот од боровата шума под Плаошник. Локацијата се наоѓа на левата страна од патот зад црквата Св Јован Богослов Канео непосредно над куќите во месноста Канео. Од ОО на СДСМ бараат веднаш да се поништи објавениот оглас и неодложно да...
Post Views: 1
Американскиот претседател Барак Обама во неделата признал дека не успеал во намерите Американците да ги убеди во исправноста на својата политика, што резултираше со пораз на демократите на одржаните избори за конгресот, ветувајќи дека ќе им пружи рака на своите противници.
“Морам да ја признаам мојта одговорност во тој пораз, тоа е пораката која ја прочитав од изборите. Победени сме”, рекол Обама во разговор за CBS, пред турнејата во Азија.
“Мислам дека не успеавме на Американците да им објасниме што сакаме да направиме и поради тоа одиме во добра насока, што претставува...
Post Views: 9
„Детектор за лаги“ дело е работено по текст на Василиј Сигарев, додека режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.Станува збор за едноставна приказна за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а кои проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. Но тогаш се откриваат тајните и лагите со кои сопружниците живееле со години и почнува голема театарска комедија…
Влезниците...
Post Views: 7
Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, до 15 март треба да поднесат Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.
Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи од капитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основ на авторски договор, ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација.
Граѓаните може да поднесат Годишна...