Post Views: 1
Тие се секогаш насмеани, со исти потреби да бидат сакани и прифатени. Потребна им е поголема поддршка од општеството и да бидат признаени како еднакви без дискриминација врз основа на попреченост. Лицата со Даунов синдром неизмерно и несебично ја даруваат својата љубов. Денес на 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром барем за миг треба да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за нив.
Нашата сограѓанка Анастазија е весело и комуникативно дете, сака музика, зборува шпански, не се плаши од вода, го сака езерото. Секогаш е насмеана и ведра....
Post Views: 2
По смартфоните, големите технолошки компании претставија паметни телевизори и фрижидери, а веќе се најавува следна категорија која ќе привлече десетици милиони корисници, а тоа се паметните часовници. Досегашните модели не привлекоа голем број на корисници но се очекува дека овој пазар ќе го разбуди Apple со продажбата на нивниот Apple Watch кој беше претставен ова година. Сепак, сѐ повеќе аналитичари веруваат дека следниот хит меѓу корисниците ќе биде паметната облека, која веќе ја тестираат некои спортисти, а се очекува во 2016 година масовна продажба на ваква облека...
Post Views: 1
Изложбата „Дивите билки од мојот крај“, денес во Охрид. Се работи за оригинална, патувачка поставка на цртежи, хербариуми и фотографии изработени од волонтери, деца од основни училишта, планинари и рекреативци, собирачи на диви билки и ентузијасти. Тука се опфатени слики од флората и фауната на Плаќенската планина, Пелистер, Шар планина и делот од источна Македонија, вели Борис Стојаноски од Грашница.
„Изложбата има за цел да го запознае месното со убавините и богатството на нашите планини.
Поврзување на луѓето со природата е проект кој вмрежува неколку ЕД од земјава,...
Post Views: 0
Хотел Даљан, единствениот хотел на охридското крајбрежје каде што вработените се лица со инвалидност како и нивните гости на прагот на уште една летна туристичка сезона се соочува со старите проблеми. На излезот од Охрид по стариот пат, ниту еден патоказ нема да ве одведе до овој хотелски капацитет. Директорката на хотелот Славица Стефаноска, вели дека сеуште до хотелот се доаѓа по неосветлена, поткопана уличка, од двете страни обраснат со високи капини,трње и друга вегетација а бандерите се испопаднати со кабли кои што висат насекаде. Стефаноска вели дека сликата во...
Post Views: 2
Економистите сметаат дека владината иницијатива за субвенционирање на станбени кредити е непродуктивен трошок.Општите услови за владина помош, според медиумските извештаи, се нерешено станбено прашање и приходи до 900 евра.Се поставува и прашање за тоа колку ваквата мерка е фер? Субвенциите ќе се покриваат со народни пари од Буџетот и останува да се види како ќе реагира онаа категорија граѓани кои без државна помош отплаќаат стан и плаќаат данок, ако знаат дека со нивни пари се плаќа туѓ стан.
Мерката беше промовирана пред избори од ВМРО ДПМНЕ, што создава сомнение...
Post Views: 2
Нема веќе класично развивање на филмови и аналогни снимки во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид. Тие во моментов се во фаза на целосна дигитализација на рендген снимањата што според менаџментот на болницата ќе значи скратување на времето на дијагностицирање на пациентот. Процесот на дигитално снимање во истиот момент на снимањето испраќа слика од состојбата на пациентот во амбулантата и докторот веднаш може да постави дијагноза и да направи извештај.
„Почнавме ние со дигитализација на рендген снимањата. Ветено ни е од Министерството...
Post Views: 2
Најстарото име на Г. Белица било Динабела, што значи убавината е горе. Со ова се поврзува и одбележувањето на христијанскиот празник „Духови“. Имено мештаните на ова село со нетрпение го очекуваат овој ден, кој годинава се паѓа во понеделиник на 24 мај. Тие кажаа дека тогаш се посетува црквата Св. Троица која се наоѓа на планината Чума на 1857 надморска височина. Имено мештаните на селото во раните утрински часови тргнувале накај црквата со цел да стигнат пред изгрејсонце. Таму ги изведувале традиционалните христијански обичаи по повод денот и заеднички ручале. Посетеноста...
Post Views: 0
Впечаток на граѓаните кои што живеат во населбите Воска и Даљан е дека вниманието на градската власт во Охрид е концентрирана на источното крајбрежје, каде што се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои што се во насока на еден како што велат граѓаните елитен туризам.
Градоначалникот Никола Бакрачески не се сложува со ваквата констатација. Тој категоричен, дека заедно со неговиот стручен тим поденднакво се грижеле за сите делови на градот и смета дека општина Охрид има рамномерен развој и коректна распределба на проектите. Бакрачески изјави дека на потегот на...
Post Views: 2
И покрај перманентните сообраќајни контроли од страна на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај кои континуирано се одвиваат во населени и ненаселени места од почетокот на годинава, споредбено со минатата година забележан е пораст на сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Охрид.
„Од почетоков на годинава до денеска на подрачјето на Охрид случени се 115 сообраќајни незгоди, половината од нив се случени во населени места, споредбено со минатата година, во истиот период имавме 109 сообраќајни незгоди. Оваа година имаме три загинати лица во сообраќајните...
Post Views: 6
Преку проектот ,,Иднината на мекатроника“ група од 9 ученици од ЕМУЦ „Св Наум Охридски“ под менторство на Проф. Љубица Смилевска Мојсовска добија можност да заминат на пракса во турскиот град Измир. Покрај главната цел, обука по мехатроника, учениците ќе имаат можност да го промовираат Охрид и нашата земја вели директорот Јане Цаноски.
„Се работи за проект кој вклучува 14 дневна стручна обука на наши ученици во партнер училиште во измир Турција. Во рамките на овој проект учениците ќе имаат можност да се стекнат со нови знаења, нови вештини и компетенции од областа на...
Post Views: 11
Охриѓани денес имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување. Во подрачната единица на Агенцијата за вработување се одржа отворена средба помеѓу граѓаните и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Таа е дел од отворените денови кои ги спроведува Агенцијата со цел да се утврди дали се применува оперативниот план за активни мерки и програми за вработување согласно насоките коишто ги дава. Директорот на Агенцијата рече дека сака да ги сослуша невработените лица, со какви проблеми се соочуваат при имплементацијата на мерките. Присутните...
Post Views: 2
Новите барања за енергетска ефикасност за телевизорите ќе важат и за компјутерските монитори, кои сѐ повеќе се користат за гледање на тв програми, а подоцна ќе бидат воведени и за другите апарати за домаќинство. Благодарение на овие нови прописи во Брисел очекуваат дека потрошувачите ќе плаќаат околу осум милијарди евра помалку на сметките за струја. Во Европската унија, спрема податоците за 2011 година, се продаваат повеќе од 60 милиони телевизори и околу 16,5 милиони монитори за компјутери.
Откако се донесоа слични прописи за правосмукалките кои предизвикаа бурна реакција...