Излoжбата „Дивите билки од мојот крај“, во Охрид

Над 3000 билки од Македонија промовирани преку Изложбата „Дивите билки од мојот крај“. Оваа изложба е дел од проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија“ кој е развиен во соработка со Плантлајф од Велика Британија и се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

 |  Николоска Биљана  | 
grasnica
грашница

izlozbaИзложбата „Дивите билки од мојот крај“, денес во Охрид. Се работи за оригинална, патувачка поставка на цртежи, хербариуми и фотографии изработени од волонтери, деца од основни училишта, планинари и рекреативци, собирачи на диви билки и ентузијасти. Тука се опфатени слики од флората и фауната на Плаќенската планина, Пелистер, Шар планина и делот од источна Македонија, вели Борис Стојаноски од Грашница.

„Изложбата има за цел да го запознае месното со убавините и богатството на нашите планини.

Поврзување на луѓето со природата е проект кој вмрежува неколку ЕД од земјава, со цел на јавноста да и пренесат за важноста од значајните билки кои виреат во нашиот регион, вели Наталија Милоска од македонскот еколошко друштво Скопје. Таа додава дека треба да се работи со најмладите и децата од училишна возраст за да можат децата да се задојат со таа мисла дека сето она што го имаме околу нас треба да го чуваме.

izlozba„Имаме над 3000 различни врсти на растенија што е огромна бројка за така мала површина па еве решивме на ваков начин да го промовираме тоа. 03:55+04:53 Ваквите активности поттикнати од македонското еколошко друштво од Скопје започнаа уште од 2007 година но еве за среќа денес стигнавме до овој стадиум да бидат инволвирани и други граѓански организации од Македонија и на еден ваков начин да биде промовиран растителниот диверзитет на Македонија“– вели Милоска.

Изложбата денес беше поставена во Галеријата на ЦК „Григор Прличев“, а ќе биде отворена за сите заинтересирани љубители на природата до четврток 26-ти март. Организатор на истата е ЕД „Грашница“ Охрид. Посетителите имаа можност да дознаат нешто повеќе за дивите билки кои ги употребуваме како и за тоа каде истите можат да се најдат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top