Post Views: 0
Заврши реконструкцијата на базенот за физикална терапија во Специјалната болница за трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Конечно се создадени соодветни услови за пациентите од поширокиот регион. Сите кои имаат потреба за лекување ќе можат да ги користат специјалистичките услуги на современиот центар за физикална терапија за лекување на болести поврзани со нарушени моторни функции кај човековото тело.
Со проектот на Центарот за развој на Југозападниот регион чија вкупна вредност е осум милиони денари, извршено е комплетно осовременување на машинскиот и базенскиот...
Post Views: 4
На 02 април 2015 година, ќе бидe одржан „Отворен ден во судството“, со цел запознавање на граѓаните со надлежноста и работата на судовите, како и заради полесно разбирање на базичните постапки и процеси кои се одвиваат во рамки на еден суд.
Настанот ќе се одржи во следните судови: Основен суд Струга, Основен суд Охрид, Основен суд Струмица, Основен суд Битола, Основен суд Велес, Основен суд Прилеп и Основен суд Тетово.
Отворениот ден ќе трае од 11.30 до 13.30 часот. Во овој временски интервал ќе бидат реализирани посети на заинтересирани граѓани, кои ќе бидат организирани...
Post Views: 3
Охрид како туристичка дестинација ќе се нуди во пакет зедно со дестинации од Албанија и Грција. Преку овој модел намерата на туристичките работници е да донесат повеќе туристи. Со ваквото вмрежување туристичките агенции од регионот ќе го следат примерот на туристичка аранжмани кои што го практикуваат западноевропските земји. Оваа нова можност е привлечна пред се за прекуокенските туристи, вели Лела Крстевска од Стопанската комора за туризам на РМ.
„ Се работи за т.н туризам експерт груп со посредство на ОЕЦД и Европската унија т.е умрежување на земјите од регионот ...
Post Views: 1
Многу пати сме чуле дека храната како што е сирењето, смрзнатиот зеленчук и црвеното месо не е здрава, но тие намирници неправедно ги следи лошата репутација бидејќи содржат хранливи материи кои можат да придонесат во чувањето на здравјето.
Сирење – Конзумирањето на млечни производи, вклучувајќи го и сирењето, помага во намалување на нивото на шеќер и крвниот притисок. Кај луѓето кои секојдневно конзумираат полномасни млечни производи, исто така постои помал ризик од развивање на дијабетис тип два. Од друга страна, млечните производи со помала масленост немаат никакво...
Post Views: 9
Две недели охридските основни и средни школи се без училишен интернет. Менаџерските тимови и наставниците се снаоѓаат според можностите. Директоркатa на ОУ Григор Прличев, Силвија Мојсоска за настанатиот проблем објаснува дека без интернет конекција, кој го користат од фиксната телефонија, е само едната училишна згрaда каде што се одвива предметна настава, но се снаоѓаат за наставниот процес да тече нормално. „ За електронскиот дневник не е проблем. Овде во училиштето имa интернет преку T-home интeрнетот е добар.Нема само во предметната настава. Електронскиот дневник...
Post Views: 7
Акција за сузбивање на пиратеријата и фалсификуваната роба во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија денес контролираше повеќе правни субјекти во Охрид и Струга. Се проверувале евентуални повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Кабелскиот оператор „Пела“ од Струга заработи глоба и му беја одземени два ресивери, а во Охрид контролиран е градскиот пазар, неколку фото студија и едно интернет кафе. На пазарот затекната е фалсификувана роба.
Има пиратерија и присутна е...
Post Views: 3
Мнозинство граѓани, или 59.2 отсто веруваат дека повеќе мешање во сите области ќе води кон подобри меѓуетнички односи. Најголема е поддршката за мешање во спорт и забава 81,5 отсто, на работно место 71,5 отсто, посакувана е во политички партии 65,7 отсто, а најмала е за мешани бракови 25,6 отсто.
Еден од три граѓани нема пријател од друга етничка припадност. 35,6 отсто од етничките Македонци, 27,7 отсто од етничките Албанци и 25,3 отсто од Ромите немаат пријатели од друга етничка припадност.
Граѓаните поддржуваат изучување на јазиците на другите етнички групи, подобра...
Post Views: 2
На седницата на Советот на Хидробиолошки Завод, одржана на 28.11.2014 година беше разгледувано Барањето за мислење по однос на измените и дополнувањата на ГУП за Охрид.
Ставот на научните работници кој се однесува за Студенчишко блато е следниот: „Советот посебно апелира да се обрне внимание на строга заштита на Студенчишко блато кое е природен резерват на ендемични растителни и животински видови и плодишта за многу видови ципринидни риби. На крај напоменуваме дека на овој локалитет треба да се избегнуваат секаков вид на градежни активности“. Овој став стои и во записникот...
Post Views: 0
Дворното место на ОУ „Браќа Миладиновци“, претворено во паркинг простор. Родителите на учениците збунети. Велат дека максимално е загрозена безбедноста на нивните деца и прашуваат кој е тој што се дрзнал тоа да им го дозволи. Тие додаваат, наместо надлежните да го оградат дворното место на училишето со цел децата да има каде да го изведуваат физичкото образование, го прават спротивното, работат во интерес на поединци. На ова укажува Советот на родители при ОУ „Браќа Миладиновци“. Претседателот на училишниот совет, Агрон Љумани вели дека досега никој од надлежните незнае...
Post Views: 8
Пронајдено е кученце раса пекинезер во населбата „Христо Узунов“ во близина на ординацијата „Сонце“.
Кученцето има едно карактеристично сино око.
Лице за контакт Марина Ристеска тел. 077/666 910
{loadposition content9}
Post Views: 0
Во рамки на проектот „Ти си твојот град“ кој го спроведува ТВМ Телевизија, жител на Дебрца ни испрати слики од Оровничка плажа која се наоѓа на патниот правец Охрид- Струга, со реакција дека плажата е постојано со ѓубре и обрасната со коров.
За ова прашање се обративме до Јавното комунално претпријатие при Општина Дебрца и директорот Игор Крцоски ни кажа дека плажата постојано се чисти, но затекнатиот смет во тој момент можеби бил дело на несовесни граѓани. Крцоски ни испрати фотографии од моменталната состојба на овој потег.
„Јавното комунално претпријатие редовно...
Post Views: 7
По повод одржувањето на јубилејниот петти туристички саем „Скопје Травел Маркет”, што ќе се одржи од 7 до 9 мај 2015г. во Скопје, на кој што Општина Охрид оваа година ќе биде град – домаќин, а на која учество со свој штанд ќе земат туристички организации од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Египет, Иран и други светски земји, Општина Охрид упатува јавен повик за заедничка организација и учество на овој Саем.
За таа цел, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира работен состанок, на кој што ги повикува претставниците од хотелско – угостителските...