Граѓаните ја загадуваат Оровничка плажа

На патниот правец Охрид-Струга се наоѓа Оровничка плажа. Жител на Дебарца ни испрати слики со коментар дека на плажата постојано има ѓубре и е обрасната со трева. Oд Јавното комунално претрпијатие Дебрца велат дека потегот постојано се чисти, но мора да се зголеми еколошката свест на граѓаните.
 |   | 
Во рамки на проектот „Ти си твојот град“ кој го спроведува ТВМ Телевизија, жител на Дебрца ни испрати слики од Оровничка плажа која се наоѓа на патниот правец Охрид- Струга, со реакција дека плажата е постојано со ѓубре и обрасната со коров.
За ова прашање се обративме до Јавното комунално претпријатие при Општина Дебрца и директорот Игор Крцоски ни кажа дека плажата постојано се чисти, но затекнатиот смет во тој момент можеби бил дело на несовесни граѓани. Крцоски ни испрати фотографии од моменталната состојба на овој потег.
„Јавното комунално претпријатие редовно и тековно ја одржува Оровничка плажа, редовно се грижиме за нејзината чистота, а реално Оровничка плажа е многу посетена и гледаме што поредовно и повеќе да биде чиста“.-вели Игор Крцоски, директор на комунална хигиена.
Од јавното комунално претпријатие велат дека прават се што е во рамки на нивните можности да се одржува локацијата чиста и упати апел до граѓаните да бидат еколошки посвесни.
„Ќе апелирам до сите посетители на Оровничка плажа да бидат посовесни околу фрлањето на комунален отпад, да биде во кантите кои се поставени за комунален отпад, а да не биде настрана фрлан комуналниот отпад “, истакна Крцоски.
Оровничка плажа поради својата погодна локација претставува место кое граѓаните, особено возачите, често го користат за одмор, ама и неретко се случува да жителите на Општина Дебрца и околните општини го користат ова место за риболов или рекреација.
 
Видено од Kristina во 14:31
 
 
 
 
 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top