Охрид ќе се нуди во пакет на туристи од прекуокенските земји

Охрид ќе се нуди  во пакет на туристи од прекуокенските земји.

 |  Валентина Неловска  | 
zastita kulturno nasledstvo
заштита културно наследство

Охрид како туристичка дестинација ќе се нуди во пакет зедно со дестинации од  Албанија и Грција. Преку овој модел  намерата на туристичките работници е да донесат повеќе туристи.  Со ваквото вмрежување  туристичките агенции од регионот ќе го  следат примерот на туристичка  аранжмани кои што го практикуваат западноевропските земји. Оваа нова можност е привлечна пред се  за прекуокенските туристи, вели Лела Крстевска од Стопанската комора  за туризам на РМ.

Охрид„ Се работи за т.н туризам експерт груп со посредство на ОЕЦД и Европската унија т.е умрежување на земјите  од регионот  да станат интересни за прекуокеанските туристи од Кина, Америка и Јапониј акои доаѓаат во регионоти таргет им се да видат повеќе земји за пократко време, а не да претсојуваат на една дестинација или во еден град“, подвлекува Крстевска.

Во рамките на овие тури се бориме Макеоднија  да влезе барем со едно или две ноќевања. Тоа зависи од далечината на дестинацииите од каде што доаѓаат гостите, вели Крстевска.

„ Нормално како приоритет од туристичките брендови и најпознат туристички производ и развиена туристичка дестинација Охрид е на прво место на сите програми на ваквите тури кои се нудат во моментов.  Со близината на Албанија се користат  туристите крузери  што доаѓаат од Америка да ги насочиме со по едно ноќевање во Драч и Охрид“, напоменува Крстевска.

Покрај ова Крстевска информира дека работат на укинување на визниот режим за туристите од некои земји. Со надминување на таа бариери би се зголемил бројот на странски гости кои би ја посетиле Македонија и Охрид, додава Крстевска.     

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top