На секој чекор паркинг

Бесправно одземен единствениот слободен простор на основците во Струга. Дворното место на ОУ „Браќа Миладиновци“, претворено во приватен паркинг простор. Никој не знае што се случува и кој е одговорен за тоа.

 |  Билјана Николовска  | 
parking
паркинг

ParkingДворното место на ОУ „Браќа Миладиновци“, претворено во паркинг простор. Родителите на учениците збунети. Велат дека максимално е загрозена безбедноста на нивните деца и прашуваат кој е тој што се дрзнал тоа да им го дозволи. Тие додаваат, наместо надлежните да го оградат дворното место на училишето со цел децата да има каде да го изведуваат физичкото образование, го прават спротивното, работат во интерес на поединци. На ова укажува Советот на родители при ОУ „Браќа Миладиновци“. Претседателот на училишниот совет, Агрон Љумани вели дека досега никој од надлежните незнае кој е одговорен за ова.
Исто така и Потпретседателот на Советот на родители, Димче Шипинкароски вели дека децата нема каде да  излезат за време на големиот одмор. Додава дека има случаи кога возилата го блокираат и влезот на школото. Шипинкароски во име на сите родители прашува, според кој закон дворното место од школото се издава и со чија согласност. Бараат да се поништи договорот за закуп и просторот на кој се одржувала  наставата по физичко воспитување и веднаш да се врати во владение на училиштето.
Исто така и републичкиот инспекторот по образование Митре Шуминоски нема податоци кој стои зад сето ова. Вели дека работи на случајот. Тој присуствувал на состанокот на Советот на родители каде што требало да има и претставници на општина Струга, но не дошле од непознати причини. Шуминоски вели дека до вторник ќе има комплетна информација за овој случај и сите потребни податоци ќе се знаат тогаш. Засега се знае само дека училиштето и дворното место се во сопственост на Р. Макеодинија. Во ОУ „Браќа Миладиновци“ учат ученици од 2 до 5 то одделение.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top