Post Views: 0
Агенцијата за храна доставила барање за повлекување на препаратите Slim line од македонскиот пазар зашто во нив е утврдено присуство на супстанцата Сибутрамин. Оваа супстанца е штетна и не е дозволена за употреба, а била пронајдена во препаратите кои македонската компанија Slim line ги продава а служат за намалување на телесната тежина. Во меѓувреме компанијата и нејзините дистрибутери се на колективен годишен одмор. Бирото за лекови наложи да се извршат две анализи, кои ги покажаа истите резултати, односно присуство на забранетата супстанца во составот на препаратите.
На...
Post Views: 2
По повод Светскиот ден на планетата Земја, на ден 22 април, (среда), со почеток во 13 часот, на Градскиот плоштад ” Св.Климент Охридски”, во Охрид, ќе се одржи музички хепенинг, фото-работилница и ликовен перформанс.
Овој културно-едукативен настан e организиран од здружението ТАКТ заедно со група волонтери и вљубеници во природата.
“Истиот има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, пред сè, заради заштита и зачувување на водите на Охридското eзеро.
Најавено е присуство и од градоначалникот г. Никола Бакречевски додека во програмскиот дел, за жал, откажано...
Post Views: 10
Летниот распуст треба да се искористи како инструмент за борба против девијантните појави. Претставени резултатите од проектот „Воспитанието на младите и учениците во летниот период во охридскиот туристички амбиент.“Ако образованието по дефиницја е континуиран процес, тогаш што се случува за време на летниот распуст? Како да се справиме со образовно-едукативниот вакум кој се јавува во овој период? Проф.Д-р Драган Јанкоски авторот на проектот за воспитанието на младите и учениците во летниот период, истакнува дека станува збор за период во кој недостига организиран...
Post Views: 12
Многу пехари, медали во минатото како мотив и инспирација да се истрае и дочека денешниот за нив голем јубилеј. Теквондо ИТФ Македонија, денес прослави 23 години од своето постоење.
Во друштво на своите борци, поддржувачи како и главните луѓе на федерацијата Саша Поповски и Марјанчо Лазарески со торта и свеќички одбележан нивниот јубилеј.
„Во секој спорт, или било која работа, секој почеток е многу тежок. Ние кога бевме пионери на овој спорт во Македонија, бевме и тренери и организатори и натпреварувачи. Полека со тек на време почнавме да прераснуваме во поголема организација,...
Post Views: 10
Од Министерството за внатрешни работи информират дека поради миграција во нов систем, од 23. 06. 2021 година (среда) почнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. 06. 2021 година недела до 21 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи лична карта, пасош и возачка дозвола.
Поради ова, од Министерството за внатрешни работи ги информираат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за...
Post Views: 2
32 часовно програмирање на апликации за мобилни, компјутерски софтвер, вештачка интелегенција. Започна маратонот во програмирање Codefest 2015та под мотото Истрага на местото на кодирањето . 25Те тимови кои ќе работат непрекинато на развивање на нивните првични идеи ќе имаат полни раце работа. Годинава, унивезитетот за информатични науки и технологии „Св.Апостол Павле“ кои се организатори на настанот им ја обезбедија и поддршката од две познати компании кои се занимаваат со ИТ, а тоа се Mindmaker и Facebook-Лондон.
„Идејата е важна, не дали идејата е голема или не,...
Post Views: 20
Жителите кои гравитираат околу улицата Питу Гули се прашуваат на што се должи застојот во активностите за нејзина реконструкција. Градежните зафати свечено беа отпочнати на 3ти април ,со присуство на министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот Никола Бакрачески. Но откако се изгаснаа камерите и заминаа новинарите, си замина и градежната механизација.
Според градоначалникот, се средуваале последните финеси пред започнување на посериозните градежни зафати на оваа улица. Од наредната недела локалната самоуправа ќе започне со поинтензивни активности за целосната...
Post Views: 15
Со првиот ден од декември Mozzila објави нова верзија на својот популарен пребарувач со кој во исто време правосилен станува и договорот кои го потпишаа со Yahoo.
Имено, засега не секаде туку само на подрачјето на Северна Америка, сите кои ќе инсталираат Mozzila Firefox 34 или ќе направат надоградба на последната верзија, ќе добијат порака дали сакаат отсега наместо Google да го користат Yahoo како зададен пребарувачки сервис. На оние на кои Google им е сеуште најдобар секако дека ќе можат д го задржат како “дифолтен”.
Ова е секако само почеток кои со тек на време ќе...
Post Views: 105
Театарската група „Сенки и облаци“ која што работи преку креативната алатка Театар на сенки, деновиве е во Охрид. Преку оваа алатка учесниците од неколку градови во земјава со 6 дневен тренинг сакаат младите да ги едуцираат во областа на сексуалното и репродуктивното здравје, како што вели координаторот на проектот Катерина Стефановска.
„Овие млади по завршување на овој тренинг ќе бидат втората генерација на обучени тренери за работа со оваа креативна алатка Театар на сенки. Нашите активности се многу големи и сеопфатни. Минатиот месец имавме конкурс за изработка...
Post Views: 9
Охридската болница веќе подолг временски период кубури со млади доктори, специјалисти, за да се потполни ваквиот кадровски дефицит, кој од ден на ден се повеќе доаѓа до израз на одделенијата од Општа болница. Иако Охрид може да се пофали со најсовремениот објект за медицинска заштита, недостатокот на кадри во овој центар претставува сериозен проблем. Првиот човек на болницата Љубен Арнаудов, вели дека веќе почнале да вработуваат нови доктори и смета дека овие вработувања се доволно. Факт е дека во општината нема многу доктори, па оттука Арнаудов смета дека се потребни...
Post Views: 2
Компаниите и граѓаните кои користат разни кредити од банките стануваат се пофрустрирани од агресивноста на call центрите на банките кои имаат задача да ги наплатат побарувањата од должниците.
Граѓаните реагираат на ова однесување на банките објаснувајќи дека ако задоцнат дури и еден ден со плаќањето на ратата од кредитот веднаш почнуваат да добиваат телефонски повици кои ги потсетуваат дека треба да го платат тоа што го должат кон банката.
За да стигнат до лицето кое користи кредит овие наплатувачи не бираат ни време ни начин како да го направат тоа. Телефонско “гонење“многу...
Post Views: 4
Штрајкот како декадентно право на работниците. Вака беше насловен регионалниот семинар кој денес се одржа во хотел Климетица Охрид, во организација на УНАСМ. Претседателот Слободан Антовски истакна дека неолибералната политика во Европа се обидува да го спречи штрајкот како едно од основните права на синдикатите, но пред неполн месец меѓународната конфедерација на синдикатите заедно со работодавачите на Европа успеаа да го задржат правото штрајк на работниците во Европа.
„Тука имаше расправа од големи експерти, штрајкот како последен модел на одбрана на синдикатите...