Непрекинати 32 часа програмирање-започна Codefest 2015

Маратонците, веќе ги имаат своите првични идеи, а ќе работат на создавање апликации за мобилни, компјутерски софтвер, вештачка интелегенција.

 |  Мишел Наумоски  | 
codefest
коудфест

32 часовно програмирање на апликации за мобилни, компјутерски софтвер, вештачка интелегенција. Започна маратонот во програмирање Codefest 2015та под мотото Истрага на местото на кодирањето . 25Те тимови кои ќе работат непрекинато на развивање на нивните првични идеи ќе имаат полни раце работа. Годинава, унивезитетот за информатични науки и технологии „Св.Апостол Павле“ кои се организатори на настанот им ја обезбедија и поддршката од две познати компании кои се занимаваат со ИТ, а тоа се Mindmaker и Facebook-Лондон.

programeri „Идејата е важна, не дали идејата е голема или не, туку она што го правите со таа идеја, безразлика дали ќе ја зачуваат истата идеја или ќе измислат нешто ново, ама ова е првиот чекор кон крајниот производ кој ќе ја направи разликата, а ние сме тука да ја направиме таа разлика.“-вели Расиф Камал Раџа-„Mindmaker“

„Верувам дека нема крај на потенцијалот кој го има во една идеја и колку од таа идеја ќе се реализира и направи реалност, ние веруваме во таа идеја како компанија. Ги охрабруваме сите луѓе во нашата компанија своите идеи да ги претворат во реалност. Токму затоа сум тука, затоа што кога дојдов овде видов луѓе со идеи и енергија да ги претворат тие идеи во нешто, и зошто тоа да не се претвори во нов Facebook, нов Google, нема причина тоа да не се случи.“-рече Ербил Караман-„Facebook-London“.

codefest maratonОрганизаторите од универзитетот „Св. Апостол Павле“ велат дека во селекцијата на 25те тимови кои ќе учествуваат на овој маратон во програмирање пресудно било нивните идеи да бидат применливи во реалноста.

„Тимовите аплицираа со идеи, имаше процес на апликација, во текот на кој што тие можеа да аплицираат, потоа тие идеи се евалуираа, од 40 пријавени тимови се избраа тие 25 кои што се денес тука. Во однос на тоа што се изработуваат имаме тука најразновидни проекти кои што се пријавени, од игри, веб базирани софтвери, аугументирана реалност, вештачка интелегенција, апликации за мобилни телефони, значи имаме доста голема разновидност на проектите кои се презентираат во текот на тие 32 часа.“-изјави Јасна Тренгоска-организатор на настанот.

maraton programiranjeТрадиционално победниците на Codefest добиваат вредни награди.

„Оваа година сакавме наместо да им даваме физички награди, како лаптопи, таблети да им дадеме билети, односно можност за учество на конференции, па на пример имаат билет, победничкиот тим добива 3 билети за  „Star Up Istanbul“, а тоа да сме искрени е поголем настан од Codefest, таму ќе има околу 5 илјади луѓе и таму ќе добијат можност да разговараат со инвеститори, а поентата е дека по завршување на нивните проекти овде на Codefest, тоа ќе можат да го направат и на тој настан и се надеваме дека ќе инвестираат во нив.“-вели Вилијам Асиама-организатор на настанот.

Инаку, тимовите на овој маратон ќе се натпреваруваат непрекинато 32 часа, а ќе бидат помагани од нивните ментори и жири. Во текот на овие 32 часа ќе имаат и забавни активности со цел да се раздвижат и расположат. Покрај тоа, во рамките на Codefest ќе има и два дискусиони панели како и говори од претставниците од Facebook и Mindmaker по што ќе следат и финалните презентации и официјалниот дел на доделување на наградите. Инаку ова е трета година како универзитетот „Св.Апостол Павле“ го организира маратонот во програмирање Codefest.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top