Младите најдобро се разбираат меѓу себе

Младите најдобро можат да се разберат меѓу себе, посебно ако нивните врсници се едуцирани на одредена тема. Едукација на малдите во областа на сексуалното и репродуктивно здравје изведува театарската група „Сенки и облаци“ преку креативната алатка Театар на сенки.

 |  Николоска Биљана  | 
teatar na senki
театар на сенки

teatar na senkiТеатарската група „Сенки и облаци“ која што работи преку креативната алатка Театар на сенки, деновиве е во Охрид. Преку оваа алатка учесниците од неколку градови во земјава со 6 дневен тренинг сакаат младите да ги едуцираат во областа на сексуалното и репродуктивното здравје, како што вели координаторот на проектот Катерина Стефановска.

„Овие млади по завршување на овој тренинг ќе бидат втората генерација на обучени тренери за работа со оваа креативна алатка Театар на сенки. Нашите активности се многу големи и сеопфатни. Минатиот месец имавме конкурс за изработка на кондом пакувања, значи најдобро решение, поддржани од MTV staying alive заедно со избраното кондом решение ги испечативме во 6000 примероци кои што ќе бидат дистрибуирани во цела Македонија. Кондом решението е со наслови на познати поп песни, позади секој кондом има код кој што ќе може да го сликате со мобилен и во исто време да си ја слушате песната, да се релаксирате со партнерот или партнерката и да уживате во заштитен сексуален однос“ –  вели Стефаноска.

teatar na senkiИрина Јаневска цели 15 години работи во граѓанскиот сектор, а во последно време таа е сертифициран тренер од областа на сексуалното и репродуктивното здравје. Таа вели дека преку едно вакво неформално образование се трудат на младите да им пренесат, дека освен вештините како да зборуваат и како да комуницираат со своите на овие теми, треба на младите да им се каже како да донесат информирани одлуки поврзани со нивното здравје, да знаат да се грижат за себе си, да знаат кога да направат тест и кога да се обратат кај други лица.

„Овој начин на информирање сметаме дека е значаен, затоа се работи преку метод на врсничка едукација односно врсници кои што се блиски до нивните години им пренесуваат знаења, поради што сметаме дека нема бариера во однос на разговорот.  Најчесто младите ги охрабруваме да разговараат со своите родители, наставниците, со своите матични доктори, но од фитбекот од работата на терен гледаме дека тоа не се случува и во опшество, нели имаме различни култури не постои отвореност да се разговара на овие теми затоа оваа врсничка едукација е многу битна во целиот процес“ – појаснува Јаневска.

teatar na senkiОчекувам идната година и јас да бидам тренер кој што ќе ги обучува младите преку еден нов и поинтересен вид на театар, за кој многу млади не се запознати а преку оваа алатка се запознаваат и учат многу повеќе, вели Мила Крамарска.

„Мислам дека ова е нешто најдобро што ми се случило во животот поради што не станува збор за обично предавање, туку е нешто повеќе интеракција и дознавање на многу повеќе работи, креирање на самиот процес од нас учесниците“ – потенцира Крамарска.

Театарот „Сенки и облаци“ во огромна конкуренција на 1700 апликанти заедно со други 20 организации од светот доби грант од  MTV staying alive, фондација за едукација за ХИВ/ СИДА на младите во Македонија. Исто така ексклузивно за ТВМ од театарот „Сенки и облаци“ кажаа дека годинава издале и прирачник со кој за прв пат во Македонија младите ќе имаат шанса преку креативна алатка театар на сенки да ги разголат табуата и тајните на сексуалното и репродуктивното здравје. Овој проект се спроведува од 2013 до 2016 година во соработка со Младинскиот културен центар Скопје и здружението ХЕПА и Y-PEER Макеоднија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top