Охрид има недостаток на специјалисти

Во Охрид се помал е бројот на  млади доктори. Во општата болница 10 новопримени доктори ќе одат на специјализација. Проблемот со недостаток на кадар, ресорното министерство времено ќе го  премостува преку проектот „Наш специјалист“. Преку овој проект доктори од една здравствена установа ќе бидат испратени во друга каде што има дефицит и потреба од некаков вид на специјалност.

 |  Николоска Биљана  | 
palijativna nega
палијативна нега

todorov ohridОхридската болница веќе подолг временски период кубури со млади доктори, специјалисти, за да се потполни ваквиот кадровски дефицит, кој од ден на ден се повеќе доаѓа до израз на одделенијата од Општа болница. Иако Охрид може да се пофали со најсовремениот објект за медицинска заштита, недостатокот на кадри во овој центар претставува сериозен проблем. Првиот човек на болницата Љубен Арнаудов, вели дека веќе почнале да вработуваат нови доктори и смета дека овие вработувања се доволно. Факт е дека во општината нема многу доктори, па оттука Арнаудов смета дека се потребни нови програми за да може да се следи европската пракса.

„ Ние имаме примено 19 малди лекари од кои 10 се пратени на специјализација 10 сестри се примени и имаме 5 нови врботувања. Се работи на програмата,  сите да одат на специјализација, тие почнуваат од септември. Тие се по програмите на министерствот и мислиме дека ќе го надминиме вакуумот кој години беше наследен и беше проблем на општина Охрид“– вели Арнаудов.

bolnicaОд ресорното министерство  недостатокот на доктори специјалисти во здравствените установи планираат да времено да го решаваат преку проектот „Наш специјалист“.

„Најавивме еден проект кој што треба да биде проект на премостување на проблемот. Со тој проект ќе се обидеме во рамки на последните измени на Законот за здравствена заштита да овозможиме доктори од една здравствена установа да бидат испратени во друга здравствена установа, доколку таму е дефицитарна и има потреба од таков тип на специјалност, да го премостиме периодот во кој што ќе успееме да креираме кадри“– нагласува Тодоров.

Според Тодоров, фактот што подолг период во здравствените установи немало доволен број вработувања и специјализации довело до ваква ситуација во македонското здравство. Дали со специјалисти кои ќе доаѓаат во охридската болница по 3 до 5 дена во месецот ќе се реши барем времено проблемот со препраќање пациенти во Скопје или други градови, останува да видиме.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top