Летен распуст или воспитноoбразовен вакуум

Летниот распуст треба да се искористи како инструмент за борба против девијантните појави.

 |  Крсте Голабовски  | 

uceniciЛетниот распуст треба да се искористи како инструмент за борба против девијантните појави. Претставени резултатите од проектот „Воспитанието на младите и учениците во летниот период во охридскиот туристички амбиент.“
Ако образованието по дефиницја е континуиран процес, тогаш што се случува за време на летниот распуст? Како да се справиме со образовно-едукативниот вакум кој се јавува во овој период?  Проф.Д-р Драган Јанкоски авторот на проектот за воспитанието на младите и учениците во летниот период, истакнува дека станува збор за период во кој недостига организиран процес на воспитување.

Целите на проектот се на критички начин да се контролира состојбата, како и да се предложат насоки и мерки на дејствување за намалување на образовно-едукативниот вакум во овој период. Во рамките на проектот се направени истражувања во повеќе сфери. Семејството мора да има примарна улога во воспитувањето на малдите и во нивното одвраќање од девијантните појави.
Според Љупчо Милкоски, летниот период претставува период од годината кој мора да стане дел од сите институции и семејството. Мора да престане да биде време кога најмногу до израз доаѓаат девијантните идеи.
Инаку станува збор за проект кој се реализира во две фази, уште од 2005 година. Направени се истражувања во 11 теми, меѓу кои предучилишно образование, Основно образование и семејно воспитание, Асоцијални и деликвентни појави и друго.На денешната презентација беа претставени резултатите од овие истражувања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top