• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Поради миграција во нов систем, неколку дена нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи

Поради миграција во нов систем, неколку дена нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи

Од Министерството за внатрешни работи информират дека поради миграција во нов систем, од 23. 06. 2021 година (среда) почнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. 06. 2021 година недела до 21 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи лична карта, пасош и возачка дозвола.

 |   | 

Поради ова, од Министерството за внатрешни работи ги информираат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот..

Граѓаните пак кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година.Готовите лични документи граѓаните можат да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено нивно издавање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top