НУ Завод и музеј годинава нема да реализира големи проекти

Post Views: 10 НУ Завод и музеј на зашитата на недвижното културно наследство во 2018 година ќе работи со намален буџет за разлика од минатата година. Од ресорното министерство за реализација на проекти за оваа година доби над 2.665.000 денари. Тие пари се наменети за конзерваторско реставраторски зафати врз фрескоживописи, за изработка на проекти за конзервација на фрескоживописи, но и за конзервација и адаптација на 10тина проекти, информира Елеонора Новаковска. „ Заради специфичната ситуација во која се најде Заводот прилично е намален буџетот за проекти од областа на заштитата....

Continue reading

bratstvo

Се подновија делови од ОУ „Братство Единство“

Post Views: 10 САД помогнаа во реновирање на ОУ „Братство Единство“. Денес се одржа свечена церемонија, со што со сечење на лента се одбележа завршувањето на реновирањето на ова училиште преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. „Помагаме за подобрување на условите во училиштата во Македонија со што фундаментално се подобруваат условите на учениците“, истакна Дејвид Кокс, координаторот  за операции во Канцеларијата на атешето за одбрана при Амбасадата на САД во Скопје „Импресивно е што се можеме да постигниме кога работиме заедно. Обезбедувањето на помош...

Continue reading

nurkaci

Пренуркана албанската страна од Охридското Езеро

Post Views: 1 Големиот потфат за пренуркување на Охридското Езеро полека се ближи кон својот крај. Меѓународниот нуркачки инструктор, Милутин Секулоски, заедно со неговите колеги од нуркачкиот центар Амфора и Енрик Мато од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец и официјално го пренурка албанскиот дел од Охридското Езеро или околу педесетина километри, со што останува уште една третина од неколку месечната мисија за пренуркување на вкупна должина од околу 80 километри водена површина.  „Денес и официјално влегуваме на територија на Република Македонија, албанскиот дел со нуркање го поминавме...

Continue reading

Вселенскиот центар Kennedy во опасност

Post Views: 5 “Постојат причини бидејќи проблемот е очигледен”, рекол Peter Adams професор по геологија на Универзитетот во Флорида. Проблемот е подигнување на нивото на морето кое му прети на вселенскиот центар Kennedy на Флорида и ги доведува во опасност идните операции на центарот. Тој и колегите ги објавиле резултатите од своите истражувања токму на денот кога од тој центар е направен првиот успешен лет на американското беспилотно летало, капсулата Orion, кое ја направи  трасата на евентуалното превезување на луѓе на Марс. Леталото по четири часа летање по планот, се врати и падна...

Continue reading

sonata

Синхронизиран флешмоб во Охрид и Струга

Post Views: 4 По повод меѓународниот ден на танцот – 29 април студиото за танц СОНАТА од Охрид со почеток во 12:12 ќе организира флешмоб на градските плоштади во Охрид и Струга, како и во училиштето Јахја Кемал во Струга. Учество ќе земат околу 850 ученици од основните училишта од овие општини. Точно во 12:12 преку најслушаната локална радио станица во Македонија Super Radio ќе биде означен стартот на овој синхронизиран флешмоб. Поддршка на овој проект дадоа општина Охрид, општина Струга, градоначалниците на овие општини, “Јахја Кемал”,  ДОН маркети, “Денторија”,...

Continue reading

Лагадинци не сакаат медитеранска плажа

Post Views: 4 Лагадинци против медитеранска плажа. До Локалната самоуправа, Владата и  Министерството за транспорт и врски доставија петиција во која велат НЕ за овој  проект, информира Илина Арсова жител на Лагадин. Повеќе од стотина жители од оваа елитна туристичка населба ставија потпис на петицијата  со која се противат на како што велат мегаломаснкиот проект со палми. Наведуваат дека со таквиот проект  продоложува започната девастација на крајбрежјето. Со тоа ќе се направи непоправлива катастрофа за идните генерации, вели и Наум Димиторовски жител на Лагадин. Владата можеби презема...

Continue reading

sini kartoni

ФЗОМ апелира невработените побргу да се пререгистрираат

Post Views: 18 Во денешното соопштение, Фондот апелира до невработените да се пререгистрираат во подрачните единици. Пререгистрацијата се врши со потпишување изјава за остварени приходи и презаверка на здравствените легитимации и со потполнување на барање за издавање електронска здравствена картичка. – Иако ФЗОМ ги повика сите невработени два месеци пред стапувањето во сила на Законот за социјални придонеси и Законот за здравствено осигурување, а со цел обезбедување континиутет на здравствено осигурување кај невработените лица, мораме да констатираме дека одѕивот на невработените...

Continue reading

kariera

Понудата на работа и побарувачката на едно место

Post Views: 6   Дипломираните и активни студенти на ФТУ и работодавачите на едно место. Компаниите од областа на туризмот, агенциското работење, услужните дејности и шпедицијата денес имаа можност да се сретнат и да поразговараат околу нивните потреби и желбите на оние кои бараат работа. Факултетот за туризам и угостителство организира „ Денови на кариера“ со цел да се надмине недостатокот од комуникација помеѓу понудата на работа и побарувачката. Во Охрид доминира сезонскиот карактер на ангажирање, а нашите студенти секако дека можат да влезат во таа празнина. Имавме многу понуди,...

Continue reading

itk konferencija

Во Охрид се одржува првата лидерска ИКТ конференција

Post Views: 0 „Македонија лидер во модернизацијата на образованието“. Кога се спомнува оваа парола пред се се мисли на големиот напредок на полето на информатичкото општество, што како успех нашата Влада преку ресорните Министерства за информатика и образование и наука си го препишува на своја адреса. Министерот по информатичко општество, Иво Ивановски на конференцијата ги изнесе реалните резултати од  проектот „Компјутер за секое дете“. Овој проект, кој е еден од најголемите за модернизација во образованието, Ивановски го оценува како многу успешен, насопроти бројните негативни коментари...

Continue reading

holangani

Пристигна првата група холандски туристи

Post Views: 3   Пристигна првата група холандски туристи кои својот одмор ќе го поминат на охридското крајбрежје. На аеродромот „Свети Апостол Павле“ претпладнево сто и осумдесеттината гости беа пречекани на традиционален македонски начин, со сол и погача. Меѓу холандските туристи кои пристигнаа со првиот чартер-лет имаше такви кои за прв пат доаѓаат во Охрид, но и од оние кои овде веќе се чуствуваат како дома. Првпат сум во Македонија. Со мојата сопруга се венчавме минатата седмица и решивме медениот месец да го поминеме во Охрид. За езерото и убавините на градот прочитавме преку...

Continue reading

Поради минирање, денеска краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Post Views: 3 Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Continue reading

kokteli

Бармените ја почнаа сезоната во Охрид

Post Views: 0 Секој со свој коктел денес во кафе-барот „Ликвид“ во Охрид, триесет бармени од целата земја зедоа учество на осмото по ред Државно првенство на Македонија. Во борбата за титулата тие се претставија во две категории, класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ги оценува стручна комисија составена од експерти од земјата и од странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел, што ќе го...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top