Во Охрид се одржува првата лидерска ИКТ конференција

Целта на конференциите од ваков вид е да се обезбеди единствен форум и можност за глобалните и националните лидери да ги разменат своите планови, искуства и најдобрите практики за спроведување на ИКТ во образованието.

 |  Билјана Николовска  | 
itk konferencija
итк конференција

itk konferencija„Македонија лидер во модернизацијата на образованието“. Кога се спомнува оваа парола пред се се мисли на големиот напредок на полето на информатичкото општество, што како успех нашата Влада преку ресорните Министерства за информатика и образование и наука си го препишува на своја адреса. Министерот по информатичко општество, Иво Ивановски на конференцијата ги изнесе реалните резултати од  проектот „Компјутер за секое дете“. Овој проект, кој е еден од најголемите за модернизација во образованието, Ивановски го оценува како многу успешен, насопроти бројните негативни коментари во јавноста околу истиот.
„Кога ќе се земе предвид дека со проектот директно се опфатени 30 илјади просветни работници и 390 илјади ученици, се доаѓа до бројка од 420 илјади директно инволвирани граѓани. Доколку кај десет оттсто од нив има незадоволство, тоа се 42 илјади граѓани кои што можат да критикуваат за неуспешноста и проблемите во секојдневието“ додаде тој.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, рече дека бенефитот на нивната заложба за модернизација на образованието ќе се препознае после 5-6 години. Тој додаде дека мора да се сменат навиките на учениците и наставниците, за што биле превземени сите потребни мерки. Тодоров рече дека мора паралелно да се развива и образовната инфраструктура и информатичкото општество, со цел да се добијат поквалитетно едуцирани кадри кои ќе бидат инвестиција за подобра економија базирана на знаења и можности.
Потпретседателот на Интел корпорацијата, Џон Дејвис кој е покровител на конференцијата, рече дека со право Макеоднија се издвојува во светот како лидер на полето на информатичкото општество, бидејќи за две години постигнат е голем напредок.
На лидерската конференција за ИКТ во образованието присуствуваа повеќе од 120 експерти по информатичка технологија од 20 земји во светот. Денес, за прв пат пред Македонската јавност, беше презентиран и пуштен во употреба порталот www.school.мк, кој е донација од Интел, како резултат на меморандумот за соработка кој што е потпишан помеѓу нашата земја и Интел. Овај портал е од особено значање за образовниот систем во Македонија и ги опфаќа предметите Математика, Биологија, Хемија и Физика за основното образование, а дел од нив ќе се користат и за средните школи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top