Бармените ја почнаа сезоната во Охрид

Празник за бармените во Охрид. Денес 30 натпреварувачи од земјава се борат за титулата Бармен на Македонија 2015. Најдобрите 12 ќе ја претставуваат нашата земја на Светското првенство во бармени кое ќе се одржи во Софија Бугарија. Вискито е одлична состојка во дел од светски познатите коктели Менхетен, Олд фешн и тоа се мешало уште пред 200 години, така треба да се надминат стереотипите дека вискито се пие чисто, порачаа организаторите на овој голем настан, Здружението на бармени на Македонија.

 |  Николоска Биљана  | 
kokteli
коктели

kokteliСекој со свој коктел денес во кафе-барот „Ликвид“ во Охрид, триесет бармени од целата земја зедоа учество на осмото по ред Државно првенство на Македонија. Во борбата за титулата тие се претставија во две категории, класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ги оценува стручна комисија составена од експерти од земјата и од странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел, што ќе го приготвуваат со акробациски движења и елементи на жонглирање со барска опрема, вели Дарко Ангелески претседател на Здружението на бармени на Македонија

„За мене секој што се пријавил на овој натпревар е голем професионалец, бидејќи два три месеци однапред се подготвувал да се претстави најдобро за својот настап и среќен би бил кога овие наши бармени би ги служеле гостите од цел свет. Во моментов нашите бармени подготвуваат нивни креации значи коктели кои сами ги имаат креирано според листата на пијалоци и правилата на светската федеравија на која македонската асоцијација е рамноправен член 10 години. Се што гледате тука истото се случува и на светското првенство само што се 64 држави од цел свет“ – истакна Ангелески.

kokteliБарменството не е само машка работа и жените одлично се справуваат со мешање на напитоците за коктел, вели Андријана Ристовска учесник на натпреварувањето. Таа  пред камерата на ТВМ кажа дека љубовта за подготовка на коктели и се пројавила во барот каде што работела, па се стекнала со обука за денес да е во Охрид меѓу 30 те најдобри.

„Како што гледате не сум единствена натпреварувачка има и друга, лани бев единствена и интересно е тоа едноставно како да подготвуваш рецепт Мојот коктел се вика white pearl, базата е вотка и џин монин ликери, лимон и краставица“ – вели Ристовска.

Стружанецот Никола Јосески е прв натпреварувач од Македонија кој настапил на светско првенство за бармени. „Минатата година го делевме третото место во светски рамки, со оглед дека сме млада членка имаме забележителни резултати“, нагласува Јосески. Додава дека предизвикот е секогаш да си најдобриот и не е мала работа на светско првенство да настапуваш за Македонија.

kokteli„На светски ранг јапонците имаат школи за техника на работа и за бармени, ние во однос на тоа како котираме ов Европа, сме лидери во нашата техника на работа во однос на користење на барска опрема.  Секогаш настапуваме со ралични коктели, свои креации кои ги претставуваме тука, еден коктел не треба да се повторува на повеќе првенства“– нагласува Јосески.

Во рамките на Државното првенство во Охрид се одржа и едукативен семинар, на тема Мастерклас Diageo reserve by Soul Shakers со победници предавачи на светски манифестации, како и судии на национални и меѓународни натпревари. Како што истакна организаторот целта на семинарот е да се едуцираат натпреварувачите и за вискито воопшто, како и да се разбијат табуата дека вискито се пие само чисто.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top