Post Views: 32
Стручен тим од факултетот за фармација минативе два дена направи испитување, по претходно обезбедени повеќе примероци на комарци во Скопје.
Земени се примероци од преку 140 врсти на комарци, но меѓу нив нема тигрест комарец, посочија од факултетот.
-Две години ја следиме состојбата дали има тигрест комарец во Македонија. Деновиве испитувавме во Скопје, Дојран, Негорци, Преспа, Охрид, Струга, но примерок од тигрест комарец нема, изјави Ѓоше Стефков, доцент на фармацевски факултет.
Мерки беа превземени и од Министерството за здравство со цел да се осигура безбедноста...
Post Views: 6
НУ Библиотека Григор Прличев конечно ќе добие простор од околу 800 м квадратни. Срушени се ѕидовите, поствен е нов под и термоизолација во просториите кои порано ги користеше Фестивалот Охридско лето, информира директорката на библиотеката Александра Белеска. Со тоа е завршена првата фаза од прилагодување на просторот. Во втората фаза ќе селдува и реновирање на фасадата на двата објекти. Со целосните градежни зафати ќе се обезбедат стандардите кои треба да ги има една институција како што е библиотеката, подвлекува Белеска.
„ Комплетно просторот во новиот објект е...
Post Views: 6
15 ти септември симболичен датум за ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Овој ден од денес во ОК на оваа политичка опција, ќе има посебен третман, како ден кога е изнесена најголемата лага во Република Македонија кажана од лидерот на СДСМ Бранко Црвенкоски, во обидот да ги спаси своите сограѓани од економска пропаст.Михаилов пред затворените порти на некогашните охридски фабрики „Отекс“ и „Братство“, рече дека сеуште се борат да ги амортизираат и отстранат штетите од некогашното владеење на СДСМ на чело со Бранко Црвенкоски. Но како дополнителен проблем и зло за Охрид Михаилов го спомна...
Post Views: 5
Од денес цената на паркинг во Охрид, е поголема за 10 денари и во првата и во втората зона на централното градско подрачје.
Од ЈП „Билјанини извори“ велат дека причина за ова е Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори која беше усвоена на 40-та седница на советот на општина Охрид.
Согласно одлуката за паркирање во централното градско подрачје за времетраење од еден час, наместо сегашните 30 денари, ќе се плаќаат 40 денари.
Покрај оваа новина од денес ќе има нови цени и за користење...
Post Views: 3
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се апелира граѓаните да не се вакцинираат и притоа се инсинуира дека таргет е прво црната раса. Во склоп на постот има објавено видео на кое се гледаат 13 починати деца, облечени во светло зелени униформи, а околу нив се наоѓаат нивните родители кои ја оплакуваат нивната смрт.
Не е вистина дека смртта на овие 13 деца има каква било врска со вакцинација!
Во февруари 2020 година, во Кенија, во градот Какамеда, 13 деца починаа во стампедо во основно училиште, а 40 беа повредени. Видеото, кое што е лажно претставено како да има некаква...
Post Views: 1
Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, од денес до 3-ти јуни ќе ги додели вредносните бонови – ваучери за набавување на таблет компјутери.
Станува збор за уреди со надворешна тастатура кои се наменети за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.
Проектот за доделување на ваучери го спроведува Министерството за информатичко општество и администрација.
Post Views: 5
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишната Д.Н. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
–Пријавената, на 10-ти јуни 2019 година, без одобрение на оштетената Т.М. од Охрид, ја земала нејзината лична карта и ги злоупотребила нејзините лични податоци за подигање на кредит од финансиско друштво во износ од 80.000 денари.-информираат од МВР.
Post Views: 1
Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски-Мичо го комплетира подвигот што досега не бил изведен не само во Македонија, туку и во Европа – пренуркување на едно езеро по целиот негов брег.
Во рамките на овој проект, реализиран под покровителство на компанијата „Пелистерка“, Секулоски под површината на Охридското езеро мина речиси 90 часа и изнурка должина од 85 километри.
– Во период од околу три месеци изведов 88 нуркања од двете страни на езерото – и од македонската и од албанската. Поттикнат од силната желба да придонесам во деталното истражување...
Post Views: 1
Од пластика, стакло преку апарати за домаќинство па се до урбана опрема извадија од дното на езерото нуркачите од Амфора. Во рамки на акцијата под мотото „Покажи ја твојата љубов и грижа за езерото“, нуркачите го чистеа крајбрежниот појас од пристаниште до Канео. Станува збор за традиционална акција пред летната сезона во која учествуваат сите челнови на Клубот за подводни активности Амфора.
„Целта на оваа акција е да се влијае на свеста на луѓето да не фрлаат. Обично тоа го фрлаат граѓаните на Охрид, целиот отпад не е од туристите туку од охриѓани. Не можи некој...
Post Views: 3
Mark Zuckerberg, основачот на моментално најпопуларната социјална мрежа, размислува за воведување на новата “dislike” опција. На конференција во Калифорнија тој рекол дека е тоа една од најбараните опции од корисниците.
Луѓето кои имаат профил на оваа социјална мрежа сакаат да изразат несогласување со некоја вест, фотографија, видео запис или статус.
“Една од работите за која многу размислуваме е – кој е правиот начин луѓето да изразат што повеќе емоции”, рекол Zuckerberg.
“Луѓето на Facebook често споделуваат и тажни моменти на својот живот па на многумина не им е пријатно...
Post Views: 0
Длабочините на Охридското Езеро кријат безброј тајни, некои откриени други пак не. Неколку месечната мисија за пренуркување на езерото од двете страни на веќе финишира, а нуркачите има што да кажат. Тие стигнале до одлични сознанија за живиот свет и културното наследство во крајезерските градови од македонска и албанска страна. Како што вели Милутин Секуловски, меѓународниот инструктор по нуркање, позиционирале одлични локации кои во иднина ќе допринесат за развој на подводниот туризам, а документирале и авион од Втората светска војна кој лежи на дното на езерото во...
Post Views: 2
Употребата на новите технологии и пронајдоци нудат светла иднина за производство на поздрава и побезбедна храна. Хемичари, технолози и нутриционисти од Македонија, Србија, Хрватска, САД, Грција денеска во Охрид дискутираат околу здравствените бенефити на различни видови храна, начини на пакување на храната, технолошка подготовка и обработка на истата. Посебно место заземаше дискусијата за употребата на нанотехнологијата во производството на зрава и безбедна храна. Според деканката на Техничко-технолошкиот факултет од Велес при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од...