Завршена внатрешноста од охридската библиотека, следува фасада

Завршена внaтрешноста од охридската библиотека, следува фасада.

 |  Валентина Неловска  | 
gprlicev

gprlicevНУ Библиотека Григор Прличев конечно ќе добие простор од околу 800 м квадратни. Срушени се ѕидовите, поствен е нов под и термоизолација во просториите кои порано ги користеше Фестивалот Охридско лето, информира директорката на библиотеката Александра Белеска. Со тоа е завршена првата фаза од прилагодување на просторот. Во втората фаза ќе селдува и реновирање на фасадата на двата објекти. Со целосните градежни зафати  ќе се обезбедат стандардите кои треба да ги има една институција како што е библиотеката, подвлекува Белеска.

„ Комплетно просторот  во новиот објект е заштитен од влага за книжениот фонд и целиотпростор е отворенДОкрајот н агодинатат просторот  ќе е прилагоден за потребите на библиотекатат ќе бид е целосно опремена за нужно функционирање “, вели Белеска.

библиотекаВо новите простории на библиотеката ќе има две современи читални за возрасни и за деца, она што досега недостасуваше. Читателите  ќе може да ги  позајмуваат книгите исто така од  двете одделенија кои ќе бидат лоцирани  во новите простории, додава директорката.

„Библиотеката го задржува и другиот простор во кој функционираме во него ќе остане администрацијата и кадарот. Ќе останат и книгите кои не се издваат надвор од библиотеката , реткиот книжен фонд и родокрајното одделение“, кажува Белеска.
Библиотеката не е физички поврзана со двата дела, но со оглед на фактот што има таква можност, директорката додадва дека ќе се направат обиди  за еден таков зафат. Со проширувањето на библиотеката ќе се  задоволат потребите на библиотеката и засега нема инфорации дали националната установа   библиотеката ќе се надоградува.
Охридската, НУ Библиотека „Григор Прличев“ располага со над 150.000 книжен фонд.       

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top