• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Биоразградлива амбалажа и нанотехнологија за производство на побезбедна и поздрава храна

Биоразградлива амбалажа и нанотехнологија за производство на побезбедна и поздрава храна

Ова се само дел од темите на кои денес дискутираа хемичари, технолози и нутриционисти од повеќе држави на работилницата за храна и технологија во Охрид. Целта, храната да се направи побезбедна и поздрава за консументите.

 |  Мишел Наумоски  | 
hrana tehnologii

 Употребата на новите технологии и пронајдоци нудат светла иднина за производство на поздрава и побезбедна храна. Хемичари, технолози и нутриционисти од Македонија, Србија, Хрватска, САД, Грција денеска во Охрид дискутираат околу здравствените бенефити на различни видови храна, начини на пакување на храната, технолошка подготовка и обработка на истата. Посебно место заземаше дискусијата за употребата на нанотехнологијата во производството на зрава и безбедна храна. Според деканката на Техничко-технолошкиот факултет од Велес при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола, проф.д-р Валентина Павлова, на Македонија и недостигаат само финансиски средства за набавка на нови технолошки пронајдоци во прехрамбената индустрија.

konferencija za hrana„Сметам дека имаме добра теоретска основа која што може да се преточи во добра практична основа. Македонските компании добро котираат, можат и повеќе меѓутоа ако се аплицира и ако се добијат тие европски проекти, да се добијат финансии за да може да се применат новите технологии мислам дека уште подобро можеме да се издигнеме на врвот на брендирани македонски производи затоа што ние сме земјоделска земја, суровините претежно се набавуваат овде во Македонија, тоа не би било проблем, го задоволуваат квалитетот, па неопходна е финансиска помош околу набавување на тие скапи машини кои би придонеле до поквалитетен производ.“-вели проф.д-р Валентина Павлова-Техничко-технолошки факултет-Велес.

Според Марија Папагеоргиу од Технолошкиот институт од Солун, еден од најзначајните сегменти во прехрамбената индустрија е делот со производство на житарици. Таа вели дека нивно најсилно залагање и сега и во иднина ќе биде менување на потрошувачките навики на луѓето во консумирањето на леб и пецива со цел спречување на кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, регулирање на телесната тежина.

integralen leb„Иако имаме докази дека треба да се консумираат повеќе интегрални продукти, луѓето особено од јужна Европа најчесто не реагираат на тоа бидејќи го преферираат вкусот и изгледот на продуктите од рафинирано брашно. Но мора да поработиме на тој менталитет. Луѓето од северниот дел на континентот се повеќе подложни кон идејата за консумирање на интегрални производи на пример од `рж, тие се повеќе навикнати да консумираат потешки лебови но не колку луѓето од јужните предели на Европа. Но се надеваме дека со нови научни докази луѓето ќе се убедат да консумираат повеќе интегрални производи.“-рече Марија Папагеоргиу од Технолошкиот институт од Солун.

Инаку оваа работилница за храна и технологија е во организација на Институтот за сточарство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола. На работилницата имаше презентации од повеќе земји и тоа Македонија, Хрватска, Србија, Грција и САД.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top