Нема тигрести комарци во Македонија

Нема простор за паника- тигрести комарци нема во Македонија.

 |   | 
komarec
komarec

komarecСтручен тим од факултетот за фармација минативе два дена направи испитување, по претходно обезбедени повеќе примероци на комарци во Скопје.

Земени се примероци од преку 140 врсти на комарци, но меѓу нив нема тигрест комарец, посочија од факултетот.

-Две години ја следиме состојбата дали има тигрест комарец во Македонија. Деновиве испитувавме во Скопје, Дојран, Негорци, Преспа, Охрид, Струга, но примерок од тигрест комарец нема, изјави Ѓоше Стефков, доцент на фармацевски факултет.

Мерки беа превземени и од Министерството за здравство со цел да се осигура безбедноста на граѓаните. Освен тоа, беа изведени вонредни прскања против комарци и ларвацидна дезинсекција.

Во саботата беше регистриран првиот случај на западно-нилска треска во Скопје. Шест годишното девојче е во добра состојба и надвор од животна опасност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top