Воен авион на дното од езерото

Авион од втората светска војна, бродови, подводни извори како оние во Св Наум, огромни колонии на слатководен рак, живеалишта на јагули, на места одлична конфигурација на дно. Ова се само дел од тајните кои ги крие длабочината на Охридското Езеро. Нуркачите од Македонија и Албанија на крај од нивната три месечна мисија за пренуркување на езерото, излегуваат со одлични сознанија за живиот свет во езерото, како и за подводното културно наследство на Охрид, Струга и Поградец.

 |  Николоска Биљана  | 

Длабочините на Охридското Езеро кријат безброј тајни, некои откриени други пак не. Неколку месечната мисија за пренуркување на езерото од двете страни на  веќе финишира, а нуркачите има што да кажат. Тие стигнале до одлични сознанија за живиот свет и културното наследство во крајезерските градови од македонска и албанска страна. Како што вели Милутин Секуловски, меѓународниот инструктор по нуркање,  позиционирале одлични локации кои во иднина ќе допринесат за развој на подводниот туризам, а документирале и авион од Втората светска војна кој лежи на дното на езерото во близина на Поградец, Албанија.  

„Но за тој авион се знаеше, не го откривме ние само го документиравме. Доста од жителите на Албанија кажуваа дека тој авион е германски, но напротив станува збор за англиски. Значи по документирање на деловите на авионот видовме за каков авион станува збор, кога ќе погледнете под вода не гледате авион само негови делови“– објаснува Секуловски.

Документирале неколку праисториски населби Врбник во Струга, Буќезе во Албанија, Надол кај Трпејца, праисториската населба во Градиште. За праисториската населба  во Албанија досега не постојат документирани податоци. Секулоски открива дека пронашле огромни колонии на слатководен рак, европскиот и кривиот, кои на некои места живееле во заедници што досега воопшто не било познато. Тие биле застапени повеќе на албанскиот дел но присутни се и на македонскиот дел на длабочина на 8 до 15 метри.

„Најдовме живеалишта на јагули, одлична конфигурација на дно на места каде што не заневме дека има такво дно, позициониравме подводни извори на повеќе места во езерото, кај Калишта, кај манастирот на длабочина од 5 до 8 метри има подводни извори слични како Св Наум и се доста интересни за разгледување“ – обелоденува Секуловски.

Како што појаснува Секулоски, биле направени повеќе видео записи, фотографии, позиционирале некои места кои според него ќе бидат од голем интерес на научната јавност. А освен за научни цели, целокупниот документиран материјал во рамки на овој проект ќе допринесе и за промоција на подводниот туризам во Охридското Езеро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top