Заштитата на Охридското езеро заеднички именител за Македонија и Албанија

Post Views: 1   Или ќе го заштитиме Охридското езеро на прекуграничен начин или никако, ова беше истакнатo на денешниот работен состанок во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО кој се одржува во Охрид. Главни цели на состанокот се идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското Езеро. Не може само едната страна на пример македонската да се грижи за заштитата на езерото...

Continue reading

Braka Miladinovci

Струга бележи голем јубилеј

Post Views: 0 Јубилеј кој е чест да се доживее. Од денес во Струга отпочна одбележувањето на двеста годишнината од раѓањето на најголемиот македонски преродбеник Димитар Миладинов. Првиот човек на НУ „Др. Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски, во присуство на  ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, положи свежо цвеќе пред споменикот на Браќата Миладиновци во близина на истоимената спомен куќа. Тој ја потенцира големата важност на браќата Миладиновци, нивниот животен пат и дело. Историчарот Петар Аврамоски цели 10 години го водел спомен домот на браќата Миладиновци, кој се наоѓа во централното...

Continue reading

kabast otpad

Охридски Комуналец ќе подига кабаст отпад од Горна Влашка маала

Post Views: 9 Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов„, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mала“).  Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата,...

Continue reading

Мал интересот за вакцинирање против ковид-19 кај охриѓани

Post Views: 2 Драстично опаѓа интересот за имунизација против ковид 19 кај охриѓани. Според податоците на Министерството за здравство Охрид до октомври минатата година, имаше 67 проценти имунизирани граѓани, а сега интересот е намален, информира д-р Соња Мариноска, раководителка на вакциналниот пункт при Здравствен дом Охрид. Д-р Мариноска укажува дека граѓани почесто покажуваат интерес за да примат трета доза во однос на лицата кои сакаат да бидат за прв пат имунизирани. Најзаинтересирани за вакцинација се повозрасните граѓани. Оние кои се со хронични болести во однос на помладите,...

Continue reading

svr

кривична пријава за охриѓанка која фиктивно продавала возила

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување туѓи права“ и „злоупотреба на службената положба и областување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40- годишна охриѓанка. Како што информираат од МВР, пријавената, на 18- ти мај годинава, свесно и со умисла склучила 18 лажни договори за фиктивно отуѓување – купопродажба на патнички моторни возила од кои 13 со фирма чиј управител бил нејзиниот сопруг, три со физичко лице од Ресен и два договори со физички лица од Охрид. На ваков начин пријавената се обидела да спречи попис и проценката...

Continue reading

СВР ОХРИД: Физичките препреки на пешачките премини се за поголема безбедност на пешаците

Post Views: 8 „Се работи за превентивна мерка со која што ќе се зголеми степенот на безбедност на пешаците како учесници во сообраќајот, всушност како најранлива категорија учесници во сообраќајот, но и мерка која што ќе го намали бројот на случени сообраќајни незгоди на потегот на булеварот „Туристичка“.  Имено, според нашите анализи во текот на изминатите неколку месеци на овој потег случени се пет сообраќајни незгоди во кои повредени се пет пешаци од коишто најголемиот дел се со тешки телесни повреди. Всушност оваа мерка ќе значи зголемување на видливоста на пешаците кон коловозите...

Continue reading

osnoven sud

Двајцата обвинети во случајот со двојното убиство во Император се изјаснија невини

Post Views: 10 Денес започна судењето за настанот кој минатото лето ја потресе охридската јавност. Двајцата обвинети за случајот со убиството во Император, пред Судскиот совет, со кој претседаваше судијата Билјана Белеска-Пројкоска, се изјаснија како невини, додека застапникот на првообвинетиот, адвокатот Ване Андреевски, изјави дека одбраната во текот на процесот ќе докаже дека убиствата се случиле во поинакви околности отколку што е наведено во обвинителниот акт. На денешното судење, беа повикани да сведочат најблиските роднини на сега починатите, меѓу кои и сопругите на двете лица...

Continue reading

Општина Охрид ќе го подновува возниот парк

Post Views: 2 Возниот парк на локалната  самоуправа кој брои околу  20-тина возила ќе се подновува. Распишан  е тендер за купување  на две лимузини со четири врати со работна зафатнина на моторот од 1950 до 2300  и од 1550 до 1900 см кубни и двете да користат дизел гориво. До Комисијата за разгледување на  тендерите вчера пристигна само една понуда за лимузина од 1550 до 1900 см кубни.   За набавка на возило за другиот тип на  јавниот повик понуда нема. Ставот на општината за оправданоста од купување на нови возила во услови на задолженост на општината е следен.„ Во секој случај постои...

Continue reading

Американците конечно ќе пушат кубански пури

Post Views: 6 50-годишната забрана за увоз на кубански цигари во САД од денес престанува да важи што значи дека наскоро Американците ќе можат да уживаат во популарните кубански пури. Љубителите на кубански цигари најмногу можат да му заблагодарат на Барак Обама чија нова политика на смирување на односите со Куба и практично почнува да стапува на сила. Освен кубанските цигари, новата политика на Обама ќе им овозможи на многу Американци патување во 144 км оддалечената Куба без посебни документи, а освен тоа по прв пат ќе можат таму да ги користат своите кредитни картички. Покрај многуте...

Continue reading

Администрацијата зголемена според потребите на граѓаните

Post Views: 0 Во моментов во општината се вработени 251 службеник заедно со вработените од територијалната против пожарна единица. Во администрација се ангажирани  204 лица, информира портпаролот на општината Томе  Џамтоски. Во мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески бројот на админстрацијата се зголемил за 19 вработени. Но, ако се зeме  предвид дека во меѓувреме од адмистрацијата  4 лица стекнале прaво на пензиjа, две лица го раскинале работниот однос тогаш тој број е 13 лица, вели Џамтоски. Тој појаснува кои биле  потребите за  ново вработените административци, иако во предизборните...

Continue reading

Нова програма за спречување корупција

Post Views: 2 Државната комисија за спречување на корупција денес во Струга, ја презентира новата, четврта по ред државна програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судир на интереси 2016-2019 год.  Како што појасна директорот на ДКСК Горан Миленков, програмата претставува стратешки, национален документ на РМ кој ќе треба сите институции и учесници во донесувањето на програмата да го имплементираат и почитуваат. Додаде дека донесувањето на државната програма претставува обврска од Меѓународната конвенција за спречување на корупција и...

Continue reading

mizerija

Економист: Најмизерна земја во светот е … Македонија

Post Views: 1 Угледниот британски весник Економист ја стави Маедонија на прво место во светски рамки според мизеријата во која живеат нејзините граѓани.Од 92 земји во светот за кои имаме податоци, Македонија има најголема стапка на невработеност од 32 отсто, додека стапката на инфлација изнесува 3 отсто, пишува лондонскиот весник. Истиот извор додава:”Македонија е на врвот на мизеријата, кој е комбинација од два силни показатели на еконмската темнина – невработеноста и инфлацијата”. Во текстот на Економист се посочува дека цените неконтролирано растат и тие се главно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top