• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СВР ОХРИД: Физичките препреки на пешачките премини се за поголема безбедност на пешаците

СВР ОХРИД: Физичките препреки на пешачките премини се за поголема безбедност на пешаците

Утрово на пешачките премини на булевар Туристичка, екипи на Нискоградба започнаа со поставување физички препреки на коловозот. Граѓаните ова сообраќајно решение го пречекаа со негодување. Од СВР Охрид сметаат дека на ваков начин ќе се спречи паркирање непосредно до пешачките премини и ќе се зголеми видливоста, а со тоа и безбедноста на пешаците.
 |   | 
„Се работи за превентивна мерка со која што ќе се зголеми степенот на безбедност на пешаците како учесници во сообраќајот, всушност како најранлива категорија учесници во сообраќајот, но и мерка која што ќе го намали бројот на случени сообраќајни незгоди на потегот на булеварот „Туристичка“. 
Имено, според нашите анализи во текот на изминатите неколку месеци на овој потег случени се пет сообраќајни незгоди во кои повредени се пет пешаци од коишто најголемиот дел се со тешки телесни повреди. Всушност оваа мерка ќе значи зголемување на видливоста на пешаците кон коловозите на булеварот „Туристичка“ и со тоа практично ќе се зголеми безбедноста при нивното поминување на обележаниот пешачки премин. Со овие кугли бетонски се ослободува едно паркинг- место кое што воедно ќе значи и зголемување на видливоста на возачите на патнички и други моторни возила во делот на коловозната лента по која се движат и навремено забележување на пешаци кои ја преминуваат коловозната лента на обележан пешачки премин. Ова е резултат на анализите кои ги направи СВР Охрид во координација со локалната самоуправа.-истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вакви безбедносни бетонски кугли ќе бидат поставени на одредени локации од булевар „Туристичка“ онаму каде што ќе биде потребно по проценка на полициските служби и службите од Локалната самоуправа. Воедно порпаролот Димоски најави и зголемување на сообраќајната полиција.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top