Општина Охрид ќе го подновува возниот парк

Општина Охрид ќе го подновува возниот парк. Вчера беа отворени понудите за набавка на два нови автомобили. На јавниот тендер имаше само една понуда. Од општината тврдат дека новите возила се потребни за секторите од уранизам, тлер и одделението за комунален развој.

 |  Валентина Неловска  | 

Возниот парк на локалната  самоуправа кој брои околу  20-тина возила ќе се подновува. Распишан  е тендер за купување  на две лимузини со четири врати со работна зафатнина на моторот од 1950 до 2300  и од 1550 до 1900 см кубни и двете да користат дизел гориво. До Комисијата за разгледување на  тендерите вчера пристигна само една понуда за лимузина од 1550 до 1900 см кубни.  
 За набавка на возило за другиот тип на  јавниот повик понуда нема. Ставот на општината за оправданоста од купување на нови возила во услови на задолженост на општината е следен.
„ Во секој случај постои неопходност за набавка на овие возила. Ќе се користат за секторите но неможам со прециност да кажам каде. Секоторот за урбанизам има зголемен обем на работа, секторот за улици и патишта,  од Тлер истотака , во секој случај возилата  не се распределени за каде се , но ќе се во функција за вработените  во Локалната  самоуправа,“ кажува  Џамтокси.
Условот на опшината е 25 посто од цената на возилата  да се плати 7 дена по добивањето на возилото, а останатата сума  да се исплаќа на 48 еднакви рати. Џамтоски  не ја открива сумата која општината ќе ја издвои за набавка на двете возила. Кажа само дека тендерската постапка за набавка на возило од со работна зафатнина на моторот од 1950 до 2300  кубици  ќе биде повторена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top