Администрацијата зголемена според потребите на граѓаните

Охридската администрација во последните 2 и пол години се зголемила за 19 вработени. Најголем број биле ангажирани восекторот  за урбанизам. Од Локалната самоуправ напоменуваат дека вработувањата биле согласно потребите  на граѓаните и буџетските средства.  

 |  Валентина Неловска  | 

Во моментов во општината се вработени 251 службеник заедно со вработените од територијалната против пожарна единица. Во администрација се ангажирани  204 лица, информира портпаролот на општината Томе  Џамтоски. Во мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески бројот на админстрацијата се зголемил за 19 вработени. Но, ако се зeме  предвид дека во меѓувреме од адмистрацијата  4 лица стекнале прaво на пензиjа, две лица го раскинале работниот однос тогаш тој број е 13 лица, вели Џамтоски. Тој појаснува кои биле  потребите за  ново вработените административци, иако во предизборните ветувања на кандидатурата за градоначалник, Бакрачески ветуваше  намалување на бројот на општинската администрација.
„ Администрацијата  е жива материја и како зголемен обем на работа на општина Охрид се трудиме да ги испочитуваме потребите на граѓаните и буџетските средства“,  напоменува  Џамтоски.  
Општина Охрид има 12 сектори,  3 одделенија и Територија- лната противпожарна единица. Се вработува само онаму каде што има потреба, нагласува Џамтоски. При тоа посочува каде била најголемата потреба за  новите вработувањата.
„ Онака како што се јавува потребата се и  вработувањата. Од овие 19 вработувања се во повеќе сектори, мислам најголем број се во урбанизам.  Сите вработувања се според систематизацијата во склад со проектираните буџетски средства“, кажа Џамтоски.

Џамтоски се пофали дека охридската Локална самоуправа била на прво место според Законот за администрација кој стапил на сила во 2014. Општината го зазела првото место  по ускладените потреби од ситематзиацијата  на работните  места на Министерството за информатичко општество и администрација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top