Post Views: 1
Еврото доживеa нов пад на светските берзи откако Европската централна банка најави печатење на свежи пари за поттикнување на стопанството.
Откако Европската централна банка најави печатење на свежи пари за поттик на стопанството, курсот на еврото падна на светските берзи и потона под 1,12 долари за едно евро, што не е забележано во последните 11 години.
Аналитичарите велат дека еврото, кој од почетокот на годината потона за 7%, е на пат да го забележи најголемиот пад во однос на доларот од финансиската криза на почетокот на 2009 година. Според некои предвидувања еврото...
Post Views: 0
Туристичкиот сојуз на Охрид се залага за продолжување на туристичката сезона. Од таму велат дека Охрид нуди идеални услови за туризам во текот на целата година, но треба да се направат добри аранжмани со пониски цени. Додаваат дека сега Охрид вон сезона е прескап за гостите. На исто мислење се и туристичките работници од градов. Тие објаснуваат дека хотелите нудат константни цени во текот на цела година, но приватните станоиздавачи можат да дадат добра понуда. Нагласуваат дека цените споредено со опкружувањето се доста високи.
„Ние во нашата програма зацртавме еден проект...
Post Views: 1
Фалсификувани пари кружат низ Македонија. Охрид не е исклучок од ваквата појава. Најмногу во промет кружи лажни банкноти од 500 денари, но и 100 американски долари и 50 евра. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, истакна дека изминатиов период од 9 месеци на подрачјето кое го покрива секторот, евидентирани биле кривични дела, фалсификување на пари. До овој момент пријавени биле вкупно 7 вакви кривични дела, а откриени биле сторителите во 5 случаи и против нив биле поднесени соодветни кривични пријави. „Сторителите на овие казнени дела најчесто за размена на...
Post Views: 1
Принцот Мајкл од Кент заедно со висока бизнис делегација од денеска престојува во петдневна посета на Македонија.Британската бизнис делегација во текот на работната посета на земјава ќе оствари повеќе средби со стопанственици околу можностите за воспоставување деловна соработка и нови британски инвестиции во Македонија.
Попладнево во зградата на владата принцот Мајкл ќе оствари средба со премиерот Груевски, по што британската деловна делегација предводена од принцот Мајкл ќе учествува на бизнис форумот во владата на кој ќе присуствуваат премиерот како и членови на економскиот...
Post Views: 1
Управата за јавни приходи потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината.Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат Барање за отпис на камати (образец “БОК-ПЗСО/1“) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември 2015 година.
Право на отпис на камати има секој обврзник кој најдоцна до 31 декември ќе поднесе барање “БОК-ПЗСО/1“за отпис на камати по основ на достасани обврски...
Post Views: 4
„Железото се кове додека е жешко“. Со оваа народна поговорка се компарираат децата вклучени во проектот „Разликите се наша предност“. 540 деца од подрачјето на оштина Струга се целна група на овој голем проект, кој има за задача да делува врз подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците. Овој проект се спроведува од три агенции на ОН и тоа, УНДП, УНЕСКО и УНИЦЕФ. Претставникот на програмата за развој на ОН Анета Дамјаноска, рече дека во земјава биле одбрани три пилот општини, меѓу кои и Струга каде се фокусирале да работат со деца, сметајќи дека...
Post Views: 0
На Академијата за одржлив развој во УНЕСКО подрачја , што се одржува во Торино, Италија, во кампот на ОН , беше преставен Охридскиот регион со две презентации за планот за управување со културното и природното наследство и за управувањето со Прекуграничниот биосферен резерват на УНЕСКО Охрид / Преспа.
Покрај презентираните активности на Охридскиот регион од почетокот до сегашната ситуација, од страна на М-р Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство изнесена беше потребата за зачувувањео на шавтентичноста и за конзервација на културните вредности...
Post Views: 2
Во црквата „Света Софија“ вечерва со почеток во 20 часот ќе настапат младиот пијанист Александар Хаџиевски од Србија, како и обоистот Андреј Петрески од Македонија.
Хаџиевски е еден од попознатите млади пијанисти од Белград што работи со добри музичари и освојува бројни интернационални награди, меѓу кои и третата наградата на натпреварот „Џорџ Гершвин“ во Њујорк во категоријата млади музичари. Андреј Петровски се смета за еден од најдобрите обоисти во Македонија кој сега веќе работи во Сараевската филхармонија на позицијата прва обоа. Тој е избран да биде учесник заради...
Post Views: 5
Акцијата на МВР Македонија и Србија која ја разбија криминалната група, во која биле и 10 лица од Република Македонија, на почетокот од 2013 година, набавиле и бесправно користеле телекомуникациски уреди за терминација на телефонски повици. Уредите преку интернет мрежата ги поврзале со мрежата на странски мобилни оператори преку SIM картички и остварувале интернационален сообраќај по цена од локален телефонски сообраќај. Со тоа, извршиле директна финансиска загуба на оштетените мобилни оператори, стекнувајќи се само од мобилните оператори во Република Македонија со...
Post Views: 5
Граѓаните не можат повеќе да го фрлаат градежниот шут на депонијата Мауцкер без дозвола од ЈП „ Охридски Комуналец“. Чуварите на депонијата не дозволуваат влез и ги враќаат граѓаните кои за депонирање на отпадот не побарале и не добиле одобрение од претпријатието. Со одлуката на Влада Мауцкер да се прогласи за технолошко-економска развојна зона Мауцкер се чисти од отпад, но се дозволуваат мали количини градежен шут, вели Љупчо Танески од Фондот за комунални дејности.„ Условно, слободна зона е Мауцкер но со најава до „ Охридски комуналец“ за да имаат увид чуварските...
Post Views: 3
Слаб интересот за вработување по струка. Таков тренд е забележан во дел приватните медицински установи во Охрид. Стручните и обучени медицински сестри без кои докторите не можат нормално да работат, малку се заинтересирани за вработување по струката која ја завршиле. Тоа го потврдува д-р Ертан Омероски, сопоственикот на Стоматолошката ординација „Денторија“.
„Во списокот имаше 40 пријавени, од нив, дали се јавија 4-5 заинтересирани за работа. Имаме потреба од медицински сестри уштр две кои ќе одговараат на нашиот профил за работа“ – вели д-р Ертан Омероски – СО...
Post Views: 4
Вредноста на златото е во нагорна линија и ја премина цифрата од 1.300 долари по унца. Тоа е најголемо ценовно ниво од август минатата година и почетокот на Руско-Украинската криза, пишува CNN Money.
Од валутниот скок на швајцарскиот франк преку најниските цени на нафтата за барел и вбризгувањето на 60 милијарди евра секој месец во еврозоната, многу елементи носат несигурност на светските пазари а инвеститорите од Wall Street сакаат да играат на сигурно, па така без сомнение, вложувањето во злато е на врвот на тој попис.
Сепак, цената на златото е тешко да се предвиди...