Слаб интерес кај медицинските сестри за вработување во ПЗУ

Во Македонија недостига медицински персонал. Таков е впечатокот на сопствениците од дел на приватните медицински установи од Охрид, кои забележуваат дека од 40 пријавени медицински сестри во Агенцијата за вработување, едвај 5 од нив се јавуваат на интрвју за работа. Од Здружението на медицински сестри со став, невработените медицински сестри претендираат работа во државните медицински установи поради повисока плата.

 |  Биљана Николоска  | 

Слаб интересот за вработување по струка. Таков тренд е забележан во дел приватните медицински установи во Охрид. Стручните и обучени медицински сестри без кои докторите не можат нормално да работат, малку се заинтересирани за вработување по струката која ја завршиле. Тоа го потврдува д-р Ертан Омероски, сопоственикот на Стоматолошката ординација „Денторија“.

„Во списокот имаше 40 пријавени, од нив, дали се јавија 4-5 заинтересирани за работа. Имаме потреба од медицински сестри уштр две кои ќе одговараат на нашиот профил за работа“ – вели д-р Ертан Омероски – СО Денторија

Д-р Омероски вели дека причините за слабата заинтересираност со точност не може да ги детектира, дали е тоа поради иселувањето на младите или слабата заинтересираност по струка. Тој појаснува дека кандидатките уште пред да се појават на интервју прашувале за работното време и платата.
„Некои можеби не сакаат да работат и покрај тоа што завршиле медицинска струка, работат во бутик, продавница и друго под не знам какви работни услови не би зборувал за тоа, би кажал само за нас дека во Македонија фали медицински персонал, каде е медицинскиот персаонал тоа не знам има други установи кои треба тоа да го утврдат. Ние законски сме обврзани за секој доктор да имаме медицинска сестра. “ – додава д-р Омероски.

Претседателката на Здружението медицински сестри од Охрид, Јулија Трпковска, вели дека не е запозната со овој проблем и со точност не може да го дефинира нејзиниот став во врска со прашањето околу малиот интерес за вработувње на медицински сестри во приватните здравствени установи. Таа појасна дека оние медицински сестри кои се обратиле до неа со проблемот за вработување по струка, барале работа во државните установи заради финансискиот аспект, бидејќи сметале дека платите во приватниот сектор  и во јавните здравствени установи не биле исти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top