Депонијата Мауцкер може да се користи само со дозвола

Депонијата Мауцкер може да се користи само со дозвола. Граѓаните може да фрлаат  градежен шут   само една приколка, но  со  претходна  најава и дозвола  од претпријатието. Големите количини шут од градежен материјал пак се одлагаат исклучиво на  депонијата Буково.  Од Комуналец  нема најави или планови дали наскоро градежниот шут ќе се преработува и претвора во корисен материјал.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Граѓаните не можат повеќе да го фрлаат градежниот шут на  депонијата Мауцкер без дозвола од ЈП „ Охридски Комуналец“. Чуварите на депонијата не дозволуваат влез и ги враќаат граѓаните кои за  депонирање на  отпадот не побарале и не добиле одобрение  од претпријатието. Со одлуката на Влада Мауцкер  да се прогласи за технолошко-економска развојна зона Мауцкер се чисти од отпад,  но се дозволуваат  мали количини градежен шут, вели Љупчо Танески од  Фондот за комунални дејности.
„ Условно, слободна зона е Мауцкер но со најава до „ Охридски комуналец“ за да имаат увид  чуварските служби што се фрла. Често се случува оваа можност граѓаните да ја злоупотребат и наместо градежен шут да фрлаат друг вид на отпад“, напоменува Танески
Големи количини шут од градежен материјал  според правилата на ЈП Охридски Комуналец треба да се одлагаат исклучиво на  депонијата Буково.
Изјава: Љупчо
„ Мали количини градежен шут со дозвола на ЈП Комуналец е дзоволено. Но , поголемиот количини градежен шут се одлагаат на депонијата  Буково. Почната е постапка за расчистување на локацијата Мауцкер која е прогачсена за технолошка индустриска развоја зона и комуналец и надлежните служби од општина овозможуваат одлагање на мали количини со претходна најава“, напоменува Танески.
Од ЈП Охридски Комуналец и ЛС нема информации колку ваквата новина  влијае врз создавањето на диви депонии на локациите во близина на градот.
Граѓаните кои градат или реновираат за да се ослободат  од поголемите колични шут најчесто треба да издвојат сума и по 3000 денари за превоз на шутот до Буково. Гледајќи го својот економски интерес или  екологијата одбираат да замижат пред еколошкиот фактор и  од шутот се ослободуваат на недозволени места.  Во моментов најактуелна со диви депонии е  улицата во изградба Јордан Мијалков. Граѓаните од  градежниот шут се ослободуваат на овој потег.   
 Од ЈП Охридски Комуналец  нема најави или планови дали наскоро градежниот шут ќе се преработува и претвора во корисен материјал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top