• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Туристичкиот сојуз со иницијатива за поевтини викенд аранжмани за продолжување на сезоната

Туристичкиот сојуз со иницијатива за поевтини викенд аранжмани за продолжување на сезоната

Охрид нуди идеални услови за туризам во текот на целата година, но треба да се направат добри аранжмани со пониски цени.Туристичкиот сојуз на Охрид е во преговори со приватните станоиздавачи за намалување на цените во периодот од ноември до април како во текот на целата година би имале гости, а туризмот во градов би зазел нагорен тренд.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Туристичкиот сојуз на Охрид се залага за продолжување на туристичката сезона. Од таму велат дека Охрид нуди идеални услови за туризам во текот на целата година, но треба да се направат добри аранжмани со пониски цени. Додаваат дека сега Охрид вон сезона е прескап за гостите. На исто мислење се и туристичките работници од градов. Тие објаснуваат дека хотелите нудат константни цени во текот на цела година, но приватните станоиздавачи можат да дадат добра понуда. Нагласуваат дека цените споредено со опкружувањето се доста високи.

„Ние во нашата програма зацртавме еден проект на кој веќе интензивно работиме а тоа е развој на викенд туризмот и тоа најмногу во периодот од ноември до април. Сеуште сме во преговори со приватните станоиздавачи и со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот па се надеваме на позитивни резултатаи.“ вели Драгана Ристевска, претседател на Туристичкиот сојуз во Охрид.

Праксата во светски туристички центри да се издаваат соби и апартмани по пониска цена вон сезона мора да ја примениме и во Охрид, кажува Ристеска. Таа објаснува дека во Будва вон сезона за викенд две ноќевања со појадок и вклучен превоз ќе ве чинат само 49 евра. Вакви аранжмани мора да се направат и кај нас ако сакаме да заживее и градот и туризмот, вели претседателката на Туристичкиот сојз. Моментално во Охрид приватното сместување во зависност од категоријата чини од 30 до 10 евра.

„Градов има можности има капацитети за сместување бидејќи е туристичји центар и може да се направи добра понуда. Со добра цена ќе ги привлечиме и домашните и странските туристи“- вели Ристеска.

Најзаинтересирани за своите викенди да ги поминат во Охрид во есенскиот и зимскиот период се словенците, а пролетта е омилено годишно време за посета на градов од страна на холанѓаните и израелците. Туристичкиот сојуз прави напори уште оваа година да се реализираат некои викенд тури во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top