Децата, клуч на столбот за мултиетничка соработка

НВО „Езерка“ – Струга за период од три години  доби грант од 25 000 американски долари. Станува збор за проектот „Разликите се наша предност“ кој се спроведува во меѓуетнички средини како што е тоа Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
proekt
проект

„Железото се кове додека е жешко“. Со оваа народна поговорка се компарираат децата вклучени во проектот „Разликите се наша предност“. 540 деца од подрачјето на оштина Струга се целна група на овој голем проект, кој има за задача да делува врз подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците. Овој проект се спроведува од три агенции на ОН и тоа, УНДП, УНЕСКО и УНИЦЕФ. Претставникот на програмата за развој на ОН Анета Дамјаноска, рече дека во земјава биле одбрани три пилот општини,  меѓу кои и Струга каде се фокусирале да работат со деца, сметајќи дека децата во рамките на оваа програма се еден од клучните столбови.

Претседателот на здружениото „Езерка“, Драгица Павлеска Попеска рече дека се поголема е заинтересираноста кај децата да земат учество во работилниците. Таа додава дека интерактивното дружење ги соединува, меѓусебе ги запознава и ги зближува децата од различна етничка припадност, што е навистина за пофалба.

Децата на денешната средба работеа во 4 групи. Имаа за задача да го компарираат лимонот, со јаболкото, мандарината и кромидот. Преку оваа задача тие добро меѓусебе се запознаа и сватија дека кога се сака се се може.

proektОвој проект не завршува за три години. Искуствата стекнати за време на дружбите преку интерактивни работилници, децата ќе ги пренесуваат и понатаму, бидејќи се мошне значајни за подобрување и унапредување на животот во мултиетничка соработка. Придобивките се очигледни и истите ќе се мултиплицираат, сметаат претставнивите на ОН. Инаку фондот на целиот проект е 4 милиони американски долари за период од три години, на сите три агенции на ОН кои делуваат во нашата држава.

Децата од македонската, албанската, влашката, турската етничка припадност рамо до рамо веќе се запознаваат меѓу себе преку своите различности, кои треба да ги прифатат, како цел на проектот.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top